Јованка Орлеанка
Јованка Орлеанка (фран.: Jeanne d'Arc[1] ) (6 јануари 1412 — 30 мај 1431) — народна хероина на Франција и Светец на Католичката црква. Уште на 17 години, таа ја командувала француската кралска армија, убедувајќи го кралот Шарл VII да ги истера Англичаните од Франција и подоцна, овозможувајќи го неговото крунисување. Во 1429. на чело на неколку стотици Французи, кај Поатје ги победи англиските освојувачи и го зазеде градот Орлеан. Бургундијците ја заробуваат во 1430. и им ја предаваат на Англичаните, по што е осудена за ерес и запалена на кол во 1431 во градот Руан. Во 19 век, таа е прогласена за француска национална хероина. Јованка Орлеанка е прогласена за светица од страна на Католичката црква на почетокот од XX век. Моментално, Република Ирска, Канада, Велика Британија и Соединетите Американски Држави покажуваат голем интерес во нејзините дејствија. Јованка Орлеанка се смета за силна жена полна решеност и вера. Јованка Орлеанка како тема во уметноста и во популарната култураЈованка Орлеанка се јавува како тема на повеќе дела во уметноста и популарната култура, како:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia