Аголно забрзување
Аголно забрзување - стапка на промена на аголната брзина. Во Меѓународниот систем на мерни единици (SI единици), аголното забрзување се мери во радијани во секунда на квадрат (рад/с2), и обично се означува со грчката буква алфа (α).[1] Математичка дефиницијаАголното забрзување може да се дефинира како :
каде е аголна брзина, е линеарно тангенцијално забрзување, , (обично дефиниран како полупречник на кружната патека по која се движи точката), е растојанието од почетокот на координатниот систем што ги дефинира и до точката од интерес. Равенки на движењеЗа дводимензионалното вртежно движење (константа ), Вториот Њутнов закон може да се прилагоди за да го опише односот меѓу вртежниот момент и аголното забрзување:
каде е вкупниот вртежен момент што делува на телото, а е инерцијалниот момент на телото. Постојано забрзувањеЗа сите константни вредности на вртежниот момент, , на еден објект, исто така и аголното забрзување ќе биде константно. За овој посебен случај на постојанo аголно забрзување, горната равенка ќе произведе конечна, константна вредност за аголното забрзување: Непостојано забрзувањеЗа секој непостојан вртежен момент, аголното забрзување на објектот ќе се промени со текот на времето. Равенката станува диференцијална равенка, наместо константна вредност. Оваа диференцијална равенка е позната како равенка на движење на системот и со неа може целосно да се опише движењето на објектот. Исто така е и најдобар начин да се пресмета аголната брзина. Наводи
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia