Дијаграм кој ги објаснува врските помеѓу ризикот, ублажувањето на опасностите, еластичности и прилагодување.
Адаптацијата на климатските промени е процес на прилагодување на моменталното или очекуваното глобално затоплување и неговите ефекти.[1][2] Тоа е еден од начините да се одговори на климатските промени, заедно со нивното ублажување.[3] За луѓето, прилагодувањето има за цел ублажување или избегнување на штетата или искористување на приликите; за природните системи, луѓето можат да интервенираат за да помогнат во прилагодувањето.[1] Без ублажување, самото приолагодување не може да го спречи ризикот од сериозни, широко распространети и неповратни влијанија.
Адаптацијата на климатските промени може да биде постепена (акции на кои главна цел е одржување на суштината и интегритетот на системот) или трансформациска (акции кои ги менуваат основните атрибути на системот како одговор на климатските промени и нивните влијанија).[4]
Потребата за прилагодување варира од место до место, во зависност од чувствителноста и ранливоста на влијанијата врз животната средина.[5][6] Адаптацијата е особено важна во земјите во развој, бидејќи тие земји се најчувствителни на климатските промени[7] и го носат најголемиот товар од ефектите од глобалното затоплување.[8] Човечките адаптивни капацитети се нерамномерно распоредени по различни региони и популации, а земјите во развој воглавно имаат помали капацитети за прилагодување.[9] Адаптивните капацитети се тесно поврзани со општествениот истопанскиот развој.[10] Економските трошоци за приспособување на климатските промени веројатно ќе изнесуваат милијарди долари годишно во текот на следните неколку децении, иако точниот износ на потребните средства не е познат.[11]
Предизвикот на прилагодување расте со големината и стапката на климатските промени. Дури и најефективното ублажување на климатските промени[12] со намалување на гасовите на стаклена градина или засилено отстранувањето на овие гасови од атмосферата (преку јаглеродни мијалници)[13] не би ги спречило понатамошните влијанија на климатските промени, правејќи ја потребата за прилагодување на неизбежното.[14]Парискиот климатски договор бара земјите да го одржуваат порастот на глобалните температури на овој век на помалку од 2°C над прединдустриските нивоа и да продолжат со напорите за ограничување на порастот на температурата на 1,5°C.[15] Дури и ако емисиите се запрат релативно брзо, глобалното затоплување и неговите ефекти ќе траат многу години поради инертноста на климатскиот систем, па затоа е неопходна адаптација.[16]
Целта за одржлив развој 13, поставена во 2015 година, има за цел јакнење на отпорноста и адаптивните капацитети на земјите на прашањата поврзани со климата. [17] Ова прилагодување вклучува многу области како што се инфраструктурата,[18] земјоделството[19] и образованието. Парискиот климатски договор, усвоен истата година, содржал неколку одредби за прилагодување. Тој се стреми да ја промовира идејата за глобална одговорност, да ја подобри комуникацијата преку компонентата за прилагодување на национално утврдени придонеси и вклучува договор според кој развиените земји треба да пружат одредена финансиска поддршка и пренос на технологии за промовирање на прилагодувањето во поранливите земји. Некои научници се загрижени дека програмите за прилагодување на климата можат да им пречат на постоечките развојни програми и на тој начин да доведат до несакани последици за ранливите групи.[20] Економските и социјалните трошоци од климатските промени би биле многу високи.[21]
↑Green, Donna; Alexander, Lisa; Mclnnes, Kathy; Church, John; Nicholls, Neville; White, Neil (11 December 2009). „An assessment of climate change impacts and adaptation for the Torres Strait Islands, Australia“. Climatic Change. 102 (3–4): 405–433. doi:10.1007/s10584-009-9756-2. ISSN0165-0009.
↑Sarkodie, Samuel Asumadu; Strezov, Vladimir (2019-03-15). „Economic, social and governance adaptation readiness for mitigation of climate change vulnerability: Evidence from 192 countries“. Science of the Total Environment (англиски). 656: 150–164. Bibcode:2019ScTEn.656..150S. doi:10.1016/j.scitotenv.2018.11.349. ISSN0048-9697. PMID30504017.
↑Misra, Manoj (29 February 2016). „Smallholder agriculture and climate change adaptation in Bangladesh: questioning the technological optimism“. Climate and Development. 9 (4): 337–347. doi:10.1080/17565529.2016.1145101. ISSN1756-5529.