Портал:ГеографијаМакедонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија уреди
ГЕОГРАФИЈА![]() Географија (од старогрчките зборови γεω -земја и γραφία -опишува) е дескриптивна наука која своето внимание го насочува кон опишувањето на планетата Земја. Во потесна смисла, географијата е и природна и општествена наука, бидејќи ги проучува и опишува сите форми на Земјината површина и сите природни појави што настануваат на неа и во атмосферата од една, и населението (како дел од Земјата) и неговата стопанска дејност, од друга страна. Исто така, географијата ја опишува и проучува разместеноста на природните богатства, растителниот и животинскиот свет на Земјата. Во буквален превод, зборот географија значи земјопис. уреди
географски субпорталиуреди
Одбрана статија![]() Виена (англиски: Vienna, германски: Wien, словенечки: Dunaj, српски и хрватски: Beč, унгарски: Bécs, чешки: Vídeň, словачки: Viedeň, романски: Viena, ромски: Vidnya, руски: Вена) е главниот град а исто така и една од деветте сојузни покраини во Австрија. Со население од околу 1,6 милиони (2,2 милиони во метрополитанската област) се наоѓа на двата брега на реката Дунав, и на само 60 km од австриската источна граница. Така, градот лежи во југоисточниот агол на Средна Европа и се наоѓа во близина на Чешката Република, Унгарија и особено на Словачка. Виена е најголемиот град во Австрија, нејзиниот главен културен, економски и политички центар, а воедно е и седиште на многубројни канцеларии на Обединетите Нации и на разни меѓународни институции и компании вклучувајќи ги и Организацијата за безбедност и соработка на Европа (OSCE), Организацијата на земјите извознички на нафта и нафтени деривати (OPEC) и на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA). Виена е основана како Келтски град околу 5 век пне. Во 15 година пне. (тогашен назив Виндобона) станува одбранбен град на Римското Царство против германските племиња од Север. Во текот на средниот век станува дом на Бабенберговата а подоцна и на династијата Хабсбурговци. Турците Османлии, во текот на XVI и XVIII век, двапати се одбивани во нивните обиди да го заземат градот. Во 1815 со Виенскиот конгрес се нацртани новите граници во Европа по падот на Наполеон кај Ватерло. За време на Студената војна Виена е жариште на меѓународните шпионски игри, што се должи на положбата на (тогаш) неутралната Австрија помеѓу Источниот и Западниот блок. Прочитајте повеќе... уреди
Одбрана сликауреди
Дали сте знаеле...![]()
уреди
Категорииуреди
Одбран географски порталуреди
ИзвестувањеДоколку се одлучите да напишете некоја статија поврзана со географијата, во случај да сметате дека истата не е потполна, ставете ја предлошката {{Географија-никулец}} на крајот на текстот. Доколку постои предлошка поврзана со темата што ја пишувате, искористете ја неа. уреди
Географија на останатите вики проекти...
|
Portal di Ensiklopedia Dunia