Со МЗТ, Мекиќ станал првак со М-20 составот (генерација 1996/1997) во сезоната 2014/15.[1]
Професионална кариера
Својата професионална кариера ја започнал во тогаш новиот прволигаш Вардар Апаве, каде настапувал на почетокот на сезоната 2013/14.[2] Но паралелно, истата сезона, тој бил приклучен во т.н. Младинска репрезентација на Македонија, проект-екипа која се натпреварувала надвор од конкуренција во Првата лига.[3] За сезоната 2014/15 се преселил во МЗТ Аеродром. Тогаш Адем со МЗТ го освоил Првенството. Пред отворањето на сезоната 2015/16, Мекиќ со МЗТ станал првак во возобновениот Суперкуп на Македонија 2015, и подоцна станал освојувач на Првенството и Купот на Македонија 2016.[4] Во сезоната 2016/17 исто така играл за МЗТ Аеродром, клуб со кој најпрво го освоил Суперкупот на Македонија 2016 и подоцна повторно станал првак во Лигата.[5]
Сезоната 2017/18 ја започнал во МЗТ, но во ноември, поради слабата минутажа се преместил во Куманово 2009.[6][7]Следната сезона, Адем останал да биде играч на Куманово.[8][9][10] Во јули 2019 година, за сезоната 2019/20, Мекиќ потпишал за АВ Охрид.[11][12] Но пред самиот почеток на сезоната, откако АВ Охрид најавил распаѓање на клубот, Мекиќ се преселил во Пелистер.[13] За сезоната 2020/21, во почетокот на јули 2020 година, тој потпишал едногодишен договор со МЗТ Аеродром.[14][15] Во мај, тој го освоил Купот на Македонија 2021.
Репрезентативна кариера
Младинска репрезентација
А репрезентација
Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Мекиќ.[16] Но во февруари, по првиот филтер, тој отпаднал од составот.[17]
↑„Адем Мекиќ се врати во МЗТ“. gol.mk преку web.archive.org. 7 јули 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-10. Посетено на 10 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
↑„Мекиќ се врати назад во МЗТ“. ekipa.mk преку web.archive.org. 7 јули 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-10. Посетено на 10 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
↑„Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“. eurobasket.com преку web.archive.org. 18 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-06-22. Посетено на 22 јуни 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)