Административна поделба на ЕрменијаЕрменија е поделена на 11 административни единици, од кои 10 се покраини (մարզեր марзер, еднина: մարզ марз) и Ереван, кој има посебен статус како главен град на земјата. Секоја покраина има свој управник (марзпет) назначен од владата. На чело на Ереван стои градоначалникот, кој е назначен од претседателот. Покраините понатаму се делат на општини. ПокраиниСледува список на покраините со бројот на населението, површината која ја зафаќаат и густината на населеност.[1]. Во површината на покраината Гехаркуник е вброено и езерото Севан.
ОпштиниСекоја покраина е составена од општини. Секоја општина има своја самоуправа и опфаќа едно или повеќе населени места, кои можат да бидат градски или селски. Во 2007 г. Ерменија имала 915 општини, од кои 49 градски и 866 селски. Статус на општина има и главниот град Ереван.[2] Покрај тоа, Ереван е поделен и на полуавтономни реони. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia