Овој список се однесува на главниот дел на земјата. Окрузите во автономната република Нахичеван се наведени во вториот дел, со свои броеви. Некои окрузи се наоѓаат целосно или делумно во самопрогласената република Нагорно Карабах, која на картата е означена со зелено. Таквите се укажани во белешките на списокот.
Територијата на Нагорно-Карабах денеска е составена од делови на азербејџанскиотокругХоџавенд, западниот дел од Тертер, Горанбој, Шуша и источниот дел од Келбеџер. Во времето на СССР се нарекувала Нагорнокарабашка автономна област, но на 26 ноември 1991 г., Собранието на Азербејџанската ССР ја одзело автономијата. По ова, дотогашната област е поделена на окрузи, но најголемиот дел останал под управа на ерманските сили на Нагорно-Карабах и Ерменија[2] по Нагорнокарабашкиот конфликт.