Административна поделба на ШкотскаШкотска административно се дели на 32 обласни единици (англ. council areas), сите под унитарна управа[1] на совети (councils). По законот за гелски називи од 1997 г.[2] тие имаат на избор да се нарекуваат „comhairle“ ако решат да гелското име на областа да биде официјално. Досега оваа можност ја има искористено само областа Надворешни Хебриди (гел. Na h-Eileanan Siar). Обласните единици постојат од 1 април 1996, согласно Законот за локална самоуправа на Шкотска од 1994 г. Постарите поделбени целини и денес играат улога кај единиците на другите административни органи (опишани подолу). Управни области![]()
ШерифстваШерифствата се правосудни области. Денес постојат 6 шерифства, создадени на 1 јануари 1975 г:[3]
МесностиШкотска се дели на 871 месности (civil parishes). Иако овие немаат административна функција уште од 1930 г, денес служат за статистички цели како пописи и сл. Многу поранешни месности сега играат улога на регистарски окрузи. ЗаеднициОва е најситната единица на поделба во Шкотска заедниците (communities) кои можат да бираат свои совети (community councils, CCs). Нивната главна улога е да ги застапуваат локалните потреби и гледишта во покрупните управни органи. ВО земјата постојат околу 1200 вакви заедници. Некои заедници имаат имаат заеднички совети. Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia