Шетландски Острови
Шетландски Острови или Шетланд (англиски: Shetland, гелски: Sealtainn, фарски: Hetland) е архипелаг североисточно од брегот на Шкотска. Островите се наоѓаат североисточно од Оркниските Острови и околу 280 километри југоисточно од Фарските Острови, со кои ја чинат границата помеѓу Северно Море на исток и Атлантски Океан на запад. Вкупната површина на островите е 1.466 км2, а живеат околу 22.000 жители. Најголемиот остров зафаќа површина од 967 км2.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia