Аеродром Стокхолм Скавста
Аеродромот Стокхолм Скавста (IATA: NYO, ICAO: ESKN), (Шведски: Stockholm-Skavsta flygplats), е меѓународен аеродром близу Норшепинг, Шведска, на оддалеченост од 100 километри од центарот на Стокхолм. Најмногу е искористен од ниско буџетните и карго компаниите. Тој е втор по големина аеродром што го оплужува Стокхолм, и трет по големина во Шведска со 2,5 милиони патници[4] . ИсторијаАеродромот беше изграден како воено воздухопловна база во 40-тите години на минатиот век, за некаде во 1994 година да биде приспособен за цивилно воздухопловство. Во 1997 година, првата релација беше воведена од Лондон Станстед до Стокхолм Скавста аеродромот, на авиокомпанијата Ryanair. Во 2003 година, Ryanаir воспостави база на аеродромот со воведување на 6 нови одредишта. Накратко потоа, WizzAir воспостави нови одредишта до Источна Европа. Во 2005 година, Финскиот национален авиопревозник Finnair започна да лета на релација Хелсинки - Бостон, со застанување на Стокхолм Скавста аеродромот, но набргу потоа своето застанување го пренасочи кон Стокхолм Арланда аеродромот. Транспортација до аеродромот
Паркинг пократок од еден ден чини 190 денари на час. За паркинг подолг од еден ден, цената е помеѓу 250 и 550 денари дневно, во зависност од тоа колку денови возилото ќе престојува на паркингот. Авиокомпании и одредишта
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia