Меѓународна организација за цивилно воздухопловство
Меѓународна организација за цивилно воздухопловство (ИКАО; англиски: International Civil Aviation Organization) — специјализирана агенција на Обединетите нации, која ги востановува принципите и техниките во меѓународното воздухопловство и меѓународниот аеротранспорт со цел да обезбеди безбеден, ефикасен и уреден развој на воздухопловството. Седиштето на ИКАО се наоѓа во Монтреал, Канада. Советот на ИКАО усвојува стандарди и практики коишто се однесуваат на воздухопловството, спречување на незаконски попречувања и олеснување на процедури за преминување на граница за меѓународното цивилно воздухопловство. Освен тоа, ИКАО ги дефинира протоколите во случај на воздушни несреќи и истраги, како и безбеден превоз на надлежните власти во земјите потписнички на Конференција за меѓународно цивилно воздухопловство, попозната како Чикашка конференција. ИКАО не треба да се меша со Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА), меѓународна индустриска група на авиокомпании исто така со седиште во Монтреал. Статут на ИКАОДеветтото издание на Конференцијата за меѓународно цивилно воздухопловство ги содржи промените од 1948 г. па сè до 2006 г. Сегашното издание на Конференцијата е познато како статут и е именувано како ICAO Doc 7300/9. Конференцијата има 18 анекси. Овие анекси се наоѓаат во делот именуван како Конференција за меѓународно цивилно воздухопловство. Стандарди на ИКАОИКАО исто така усогласува одредени функции кои се применуваат во воздухопловната индустрија, како што е на пр. Системот за аеронаутичко пренесување на пораки (AMHS), со што официјално станува и организација за стандарди. ИКАО исто така го дефинира и Меѓународниот стандард за атмосфера (познат и како Стандард за атмосфера на ИКАО), модел на стандардна варијација на притисокот, температурата, густината, вискозноста и апсолутната висина на Земјината атмосфера. Ова е корисно при бирање на инструменти и конструирање на авиони.[2] ИКАО стандардизира и пасоши на основа на автоматско читање во целиот свет.[3] На овој начин, се овозможува побрзо обработување на податоците и се избегнува процедурата на нивно рачно внесување во компјутер. ИКАО објавува патни исправи на основа на автоматско читање.[4] Како најнов стандард е оној за биометричките пасоши. Тие функционираат на основа на микрочип на кој се сместени основните податоци на патниците. Кодови на ИКАОИКАО и ИАТА во развојот на стандардните спецификации и процедури доделуваат и посебни кодови кои се користат во разни видови на комуникација на пр. комуникација воздух- земја, воздухопловната телефонија итн. ИЦАО има изработено посебни кодови за аеродроми и авиокомпании. За аеродромите ИЦАО користи кодови со 4 букви, а за авиокомпаниите кодови со 3 букви. Во САД кодовите на ИЦАО се слични со кодовите на ИАТА, со претставка „ К ” – LAX е всушност KLAX. Во Канада, претставката „ C ” се додава на кодот на ИАТА за да се добие кодот на ИЦАО- на пр. YEG e CYEG. Во останатиот дел од светот кодовите на ИАТА и на ИКАО се сосема различни, на пр. меѓународниот аеродром Париз-Шарл де Гол има ИКАО код LFPG, a ИАТА код CDG. ИКАО исто така издава и алфанумерични кодови кои содржат од 2 - 4 букви. Овие кодови се типични за плановите за летање. Региони и регионални канцеларии![]() ИКАО има седум регионални канцеларии кои опслужуваат девет региони:
Раководство на ИКАОСписок на Генерални секретари
Список на претседателите на Советот
Наводи
Надворешни врски
45°30′1″N 73°33′51″W / 45.50028°N 73.56417°W
|
Portal di Ensiklopedia Dunia