Азербејџански фолклорАзербејџанскиот фолклор е народната традиција на Азерите која се развила со тек на вековите. Зачуван е во мноштво усни преданија и во ракотворбите, како што се вазното сликарство и вотивните дарови.[1] Извори на азербејџанскиот фолклорАзербејџанските митови главно се засноваат на јунаштвото на луѓето, кое се покажува во епови, како што се Епот за Кероглу, Книгата на Деде Коркут и Асли и Карем (Əsli və Kərəm).[2][3][4] ![]() КероглуПриказната за Кероглу (буквално. синот на слепиот) започнува со тоа како неговиот татко го губи видот.[5] Феудалецот Хасан Кан го ослепува неговиот коњушар Али Киши за малечок престап. Таткото и синот заминуваат земајќи ги со себе коњите Кират (црн коњ) и Дурат (бел коњ). Овие коњи имаат магични својства, бидејќи биле чувани од волшебник. Таткото и синот застанале на падините на планината до некој поток од чија вода Кероглу магично станал поет. По смртта на таткото, Короглу го погребал во близина на потокот и ја почнал личната одмазда која наскоро станала поход против неправедните владетели во регионот. Кероглу е вид на Робин Худ кој се бори против угнетувачите и зема од богатите. Како што неговата слава почнувала да се шири во регионот, сè повеќе луѓе биле незадоволни од нивните владетели и биле подготвени да му се придружат во планините. Кероглу со дружината напаѓал градови и тврдини и поразувал огромни непријателски војски. Потоа со следбениците ја славел победата во неговата непристапна тврдина на планината.[6] Ашик пејачитеВо азербејџанскиот фолклор особено убави се романтичните дастани "Асли и Керем", "Ашиг-Гахриб". Тој е богат со песни (кои се пејат во тек на работа, церемонии и сл.), легенди, бајки, шеги (лятифа), поговорки, загатки. Тие народни уметности ги создале ашик пејачите (поети-скитници, раскажувачи, народни пејачи) кои талкале од град во град и изведувале на главните плоштади. Свиреле на жичени инструменти и пееле народни песни или пак раскажувале епови, поеми, легенди.[7] Ашик-пејачите биле популарна забава и за народот и за аристократите а ашик поезијата е посебна форма на азербејџанскиот фолклор[8]. Натприродни суштества
Поврзаност со други културиАзербејџанскиот фолклор содржи елементи од персиската и од турската митологија. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia