Аколут![]() Аколут[1] — лице што му помага на свештеникот во извршувањето на богослужбата (особено во Римокатоличката црква). Аколутот е обично лаик, ако е дете, тогаш се вика ѓаче,[2] кое особено му помага на свештеникот во следните задачи:
Пред Вториот ватикански собор, аколутите задолжително биле машки лица (момчиња), но по овој собор, на некои места биле воведени и женски лица. ИсторијаПочетоците на аколутите се протегаат сè до јудаизмот, каде што на свештеникот во службата му помагале левити, кои може да се каже дека биле првите аколути, бидејќи извршувале слични задачи. Христијанските аколути биле воведени околу 30 г. н. е. Отпрвин, тие биле ученици на апостолите, но подоцна ученици на нивните ученици. ЗанимливостиПолскиот крал Јан III Собјески околу 1680 година, еден ден пред да замине во војна, служел како аколут во црквата. Папата Пиј XII му бил аколут на својот секретар секое утро за време на војна. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia