Албрехт III (војвода на Саксонија-Витенберг)
Албрехт III (германски: Herzog von Sachsen-Wittenberg, Albrecht der Arme, роден во 1375 во Витенберг - починал во Витенберг) — владетел од династијата Аскани како изборен кнез од Саксонија во периодот од 1419 до 1422 година. БиографијаТој бил син на Венцел I и на Сесилија. Во 1419 година го презел управувањето на Саксонија-Витенберг по труењето неговиот брат Рудолф III. Кога стапил на должност, неговата земја се соочувала со финансиски проблеми поради водените војни. Поради тоа, тој во својот дворец немал послужувачи и живеел сиромашен живот поради кое е познат и како „Албрехт Бедниот“. На третата година од своето управување починал во Витенберг неколку дена по пожарот на селската куќа. Неговата сопруга успеала да се спаси. Албрехт III бил погребан во францисканската капела на Витенберг. Така завршило управувањето на династијата Аскани со Саксонија-Витенберг. Во 1423 година тој бил наследен од Фридрих I од династијата Витини. СемејствоТој се оженил на 14 јануари 1420 година за Еуфемија, но од овој брак не се родиле деца. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia