Рудолф III (војвода на Саксонија-Витенберг)
Рудолф III (германски: Rudolf III, роден во 1373 во Витенберг- починал на 11 јуни 1419) — владетел од династијата Аскани како изборен кнез од Саксонија во периодот од 1388 до 1419 година. Рани годиниТој бил најстариот син и наследник на Венцел I и на Сесилија. УправувањеПо смртта на неговиот татко, тој го презел во 1388 година управувањето на Саксонија-Витенберг. Долги години Рудолф III бил во конфликт со архиепископот на Магдебург. Во 1419 година царот Сигизмунд го испратил во Бохемија да го задуши првото востание на хуситите во Прага (Хуситски војни). Тој починал по патот за Бохемија. Се смета дека најверојатно бил отруен. Рудолф бил погребан во палатската црква во Витенберг. Во 19 век бил преместен во црквата на дворецот и за време на Втората светска војна во семејна гробница. Рудолф III во 1419 година бил наследен од помалиот брат Албрехт III. СемејствоРудолф III во 1387/1389 година се оженил за Ана од Мајсен. На 6 март 1396 година се оженил за Барбара со која имала 5 деца:
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia