Александар Зенговски
Александар Крстев Зенговски ( 1913 во Побожје ― 16 април 1945 во Банова Јаруга) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1] ЖивотописРоден е во многу сиромашно семејство. Рано останал без татко и поради тоа од мал се судрил со тешкотиите на животот. По завршувањето на основното училиште, работел кај побогати селани во селото и соседното село Кучевиште. Подоцна работел како служител цели 11 години во основното училиште. По отслужувањето на кадровскиот рок во бившата Југословенска војска, живеел во родното село. Бил мобилизиран во бугарската војска, но во 1942 година избегал со уште неколку другари во шумите на Скопска Црна Гора.[1] По капитулацијата на Бугарија и доаѓањето на единиците на НОВ и ПОМ во овој крај , со околу 15 вооружени соселани од Побожје и соседните села на 21 септември 1944 година, се приклучиле во 16 македонска ударна бригада. Во состав на истата се борел ѝ против балистите. По ослободувањето на Македонија заминал со 16 македонска ударна бригада за Земун, каде завршил подофицерско училиште за врска. На Сремскиот фронт командувал со специјализиран вод за врска. Во битка кај Банова Japyгa, на 16 април 1945 година, Александар храбро загинал. Бил закопан на местото каде што загинал.[1] Неговиот брат Цветко Зенговски, исто така го помагал народноослободителното движење ѝ е стрелан од страна на Бугарските фашисти, на Матка.[1] ПоврзаноНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia