Кралство Србија

Кралство Србија
Краљевина Србија
Kraljevina Srbija
1882–1918
Flag of Србија
Flag
Coat of arms of Србија
Coat of arms
Химна: Bože Pravde
Кралството Србија во 1914
Кралството Србија во 1914
Главен градБелград
Official languagesСрпски
УредувањеУставна монархија
Крал 
• 1882–1889
Милан Обреновиќ IV
• 1889–1903
Александар Обреновиќ
• 1903–1918
Петар I Караѓорѓевиќ
Премиер 
• 1882–1883
Милан Пироќанец (прв)
• 1912–1918
Никола Пашиќ (последен)
Историја 
• Основана
6 март 1882
• Се приклучила кон Југославија
1 декември 1918
ВалутаСрпски динар
Претходници
Наследници
Кнежевство Србија
Кралство Југославија

Кралството Србија била држава која егзистирала на Балканот од 1882 од 1918 година. Била признаена како Кнежевство Србија според Берлинскиот конгрес од 1878 година.

Прогласување на Кралството

На 6 март 1882 година, кнежевството Србија е прогласено за кралство, а кнез Милан Обреновиќ станува првиот крал на Србија, под името крал Милан I. Ова следи по стекнувањето на независност од Османлиската Империја на Берлинскиот конгрес (1878), кога Србија добива меѓународно признание и територијално проширување (регионите Ниш, Пирот, Врање и Топлица).

Владеењето на крал Милан е обележано со политичка нестабилност и борба меѓу три главни партии: Либералната партија, Напредната партија (која ја поддржува кралот) и Радикалната партија, предводена од Никола Пашиќ, која добива голема популарност поради своите демократски идеи. Милан се потпира на поддршка од Австро-Унгарија, што предизвикува незадоволство кај дел од населението, особено кај радикалите, кои се наклонети кон Русија.

По обединувањето на Бугарија со Источна Румелија, Србија, под притисок на Австро-Унгарија и во обид да го зачува балансот на моќ на Балканот, објавува војна на Бугарија. Војната завршува со пораз на Србија во Битката кај Сливница и со мировен договор во Букурешт (1886), без територијални промени. Оваа војна го ослабува угледот на Милан.

Под притисок на Радикалната партија, Милан го воведува Уставот од 1888 година, кој е еден од најдемократските во Европа во тоа време. Тој гарантира слобода на говор, печат и собирање, и го ограничува влијанието на кралот врз законодавството. Поради лични и политички проблеми, вклучително и скандали поврзани со неговата сопруга Наталија и незадоволството од неговата проавстриска политика, Милан абдицира во март 1889 година во корист на неговиот син Александар Обреновиќ.

Владеењето на Александар Обреновиќ

Бидејќи Александар бил малолетен, земјата била управувана од регентство до 1893 година. Во 1893 година, Александар, на 16-годишна возраст, извршува државен удар, прогласувајќи се за полнолетен и преземајќи ја власта. Неговото владеење е обележано со авторитарен стил и чести уставни промени.

Александар продолжува со проавстриската политика на неговиот татко, но односите со Русија се влошуваат. Неговиот брак со Драга Машин, поранешна дворска дама со сомнителен углед, предизвикува големо незадоволство меѓу народот и војската.

Во јуни 1903 година, група офицери, предводени од Драгутин Димитријевиќ-Апис, го извршува Мајскиот преврат. Александар и Драга се брутално убиени, а династијата Караѓорѓевиќ се враќа на тронот со изборот на Петар I Караѓорѓевиќ за крал. Овој настан го означува крајот на династијата Обреновиќ и почетокот на нов период во српската историја.

Владеењето на Петар I Караѓорѓевиќ

По Мајскиот преврат, Петар I, син на Александар Караѓорѓевиќ, беше избран за крал. Тој го врати уставот од 1888, зајакнувајќи ја парламентарната демократија. Радикалната партија на Никола Пашиќ стана доминантна политичка сила.

Под Петар I, Србија се ориентираше кон Русија и Франција, оддалечувајќи се од Австро-Унгарија. Ова доведе до:

  • Царинска војна (1906–1911): Австро-Унгарија воведе економска блокада на Србија поради нејзината независна политика. Србија успеа да се справи со кризата преку извоз во други земји, што ја зајакна нејзината економија.
  • Анексијата на Босна (1908): Австро-унгарската анексија на Босна и Херцеговина предизвика криза во Србија, каде што јавноста бараше војна, но владата, под притисок од големите сили, се повлече.

Балкански војни (1912–1913)

Запленети турски топови од страна на српската војска, по битката кај Куманово

Во Првата балканска војна, започната во октомври 1912 година, Србија била дел од Балканскиот сојуз заедно со Бугарија, Грција и Црна Гора, обединети против Отоманската Империја. Дипломатски, Србија успеала да склучи сојузи, особено со Бугарија, иако споровите околу поделбата на Македонија подоцна создале тензии. Поддршката од Русија била важна за нејзините планови. Воените успеси биле импресивни: српската армија, предводена од Радомир Путник, ја поразила отоманската војска кај Куманово, овозможувајќи напредување кон Косово и Македонија. Српските сили стигнале и до Јадран, заземајќи делови од денешна Албанија, вклучително и Драч. Србија им помогнала и на сојузниците во други битки, како опсадата на Одрин. Со Лондонскиот договор од мај 1913 година, Србија ги добила Косово, делови од Санџак и северните делови на Македонија, но големите сили, пред сè Австро-Унгарија, го спречиле нејзиниот пристап до морето преку создавање на независна Албанија.

Втората балканска војна избувнала во јуни 1913 година поради несогласувања за поделбата на Македонија. Бугарија, незадоволна од распределбата, ја нападнала Србија, но српската војска, иако исцрпена, победила во битката кај Брегалница. Со поддршка од Грција, Црна Гора, па дури и од Романија и Отоманската Империја, Србија извојувала победа. Букурешкиот договор од август 1913 година ѝ доделил дополнителни делови од Македонија, зацврстувајќи ја нејзината позиција.

Прва светска војна (1914–1918)

Атентатот на Франц Фердинанд во Сараево (28 јуни 1914) од страна на Гаврило Принцип, член на „Црна рака“, доведе до ултиматум од Австро-Унгарија. Србија делумно го прифати, но Австро-Унгарија објави војна. Српската војска, предводена од војводи како Радомир Путник, постигна значајни победи во битките кај Цер (1914) и Колубара (1914), одбивајќи ги австро-унгарските офанзиви.

Во 1915 година, комбинираната офанзива на Австро-Унгарија, Германија и Бугарија ја принуди српската војска на повлекување преку Албанија. Ова беше еден од најтрагичните моменти во српската историја, со огромни загуби поради студ, глад и борби. По реорганизацијата на Крф, српската војска, со поддршка од сојузниците, учествуваше во пробивот на Солунскиот фронт во септември 1918 година, што доведе до ослободување на Србија.

По победата во Првата светска војна, на 1 декември 1918 година, Кралството Србија се обедини со Државата на Словенците, Хрватите и Србите и други територии за да го формира Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (подоцна Кралство Југославија).

Административна поделба

Окрузи во Кралството Србија во 1914

Во 1890 Србија била поделена на 15 окрузи, кои понатаму биле поделени на срезови. Градовите Белград и Ниш имале специјален управен статус. Окрузите биле: Ваљевски, Врањски, Крагуевачки, Краински, Крушевачки, Моравски, Пиротски, Подрински, Подунавски, Пожаревачки, Руднички, Тимочки, Топлички, Ужички и Црноречки.

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya