Александар Колобнев
Александар Василевич Колобнев (руски: Александр Васильевич Колобнев[2]; р. 4 мај 1981 во Викса, Руска СФСР) — руски професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата Катјуша-Алпесин.[3] Колобнев бил член на екипата,[4] пред да биде привремено суспендиран откако се покажал позитивен на тест за допинг.[5] Тој бил прогласен за чист од наметнатиот допинг од Арбитражниот суд за спорт во февруари 2012,[6] и се вратил во Катјуша во март 2012.[3] КариераПрвата година како професионалец во 2002 ја поминал со Аква е Сапони-Кантина Толо. Во втората сезона потпишал со Домина Ваканце. Таму ја освоил својата прва победа на етапата 2 на Сетимана Сиклистика Копи-Бартали. Останал со Домина Ваканце до сезоната 2004 кога потпишал со UCI ProTeam екипата Рабобанк. Со Рабобанк успеал да ја освои првата етапа Вуелта а ла Комунидад Валенсијана во 2006. За сезоната 2007 се префрлил во Тим ЦСЦ, сега позната како Саксо Банк, освојувајќи ја третата етапа на Париз-Ница и втор на Светските друмски првенства UCI. Колобнев завршил четврти на друмската трка на Олимписки игри 2008. Подоцна, второпласираниот и сребрен медалист Давиде Ребелин се покажал позитивен на допинг тестовите, предизвикувајќи МОК да му го одземен сребрениот медал. Со тоа UCI го сместил Колобнев на третото место во поредокот на трката, а бронзениот медал му бил доделен во јануари 2010.[7] Тој живее во Денија, Шпанија со неговата жена Дарија и двајцата синови, Давид и Александер. На Тур де Франс 2011 се покажал позитивен на диуретикот хидрохлортиазид, агент кој може да го сокрие присуството на дроги и лекови во организмот. Потоа бил повлечен од трката од неговата екипа,[8][9] и неговите резултати за таа етапа биле поништени.[10] И покрај тоа што и неговиот Б примерок исто така се покажал позитивен, тој добил казна само од руската велосипедска федерација.[11] Меѓутоа, оваа одлука подоцна била обжалена од UCI до CAS, каде бил прогласен за невин по сите обвиненија на 29 февруари 2012.[12] Колобнев му се приклучил на Катјуша во март 2012.[3] Во 2012, Меѓународниот велосипедистички сојуз покренал истрага за Колобнев и казахстанскиот возач Александар Винокуров поради обвинувањата од швајцарскиот весник L’lllustre и италијанскиот весник Corriere della Sera. Го обвиниле Винокуров за склопен договор со Колобнев во 2010 со цел да му помогне на Винокуров да победи на Лиеж-Бастон-Лиеж. Биле обвинети дека размениле 150 илјади евра. Истрагата на UCI сè уште е во тек.[13] Достигнувања
Распоред на резултатите на Гранд Тур
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia