Гран при Монтреал 2012
Гран при Монтреал 2012 било третото издание на Гран при Монтреал, еднодневна професионална велосипедска друмска трка. Била одржана на 9 септември 2012, на растојание од 205,7 километри, започнувајќи и завршувајќи во Монтреал, Квебек, Канада. Била 26. трка во сезоната на Светската турнеја. Трката била една од единствените две трки кои се дел од календарот на Светската турнеја во Северна Америка, другата била Гран при Квебек, која се одржала два дена претходно. Трката била освоена од Норвежанецот Ларс Петер Нордхауг (Тим Скај), кој се одвоил од водечката група и нападнал двапати во последите 5 километри. Ги отспринтал Морено Мозер (Ликвигас-Канондејл) и Александар Колобнев (Катјуша). Сајмон Геранс од Орика-ГринЕЏ, кој победил на Гран при Квебек 2012, го освоил четвртото место.[1] ТекТрката се состоела од 17 кругови на патека од 12,1 километар во должина и ја следела истата рута како во изданието во 2011. Патеката, околу главниот кампус на Универзитетот во Монтреал, била добра поставена за специјалисти за искачувања и оние кои сакаат нагорнини. Завршницата била на нагорнина со мал наклон од 4%, која се наоѓала на Avenue du Parc. Имало остра кривина од 180 степени на десно на 500 метри пред целта. Вкупното вертикално искачување на трката било 3.893 метри.[2] Главните потешкотии биле:
ЕкипиБидејќи трката била дел од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI ProTeam екипи биле поканети автоматски и се обврзани да испратат свој состав. Биле доделени и 3 специјални покани на професионалните континентални екипи: на две француски екипи (Кофидис и Тим Јуропкар) и една канадска (СпајдерТек-Ц10).[3] 18 ProTeams кои настапиле биле: Трите професионални континентални екипи кои настапиле биле: Резултати
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia