Александар Ставре Дренова
Александар Ставре Дренова (11 април 1872 – 11 декември 1947), познат под акронимот Асдрени, е албански поет, преродбеник, преведувач, писател и автор на поемата која подоцна станала национална химна на Албанија.[1][2] Тој се смета за еден од највлијателните албански писатели на 20 век. БиографијаРоден е на 11 април 1872 во православно семејство во селото Дреново во близина на Корча, во тој период во рамките на Османлиската империја.[3][4] Учел во грчкото училиште во неговото родно село, а само што го продолжил образованието во Корча починал неговиот татко, Ставри Тимиу.[5] Корчанскиот крај бил емигрантски, што дополнително се засилило после земјотресот во 1879.[3] Александар емигрирал во Букурешт во 1885 каде што биле неговите постари браќа.[3] Во Романија, Асдрени се поврзал со други албански интелектуалци и писатели со кои започнал да ја јакне албанската дијаспора за борба за национално ослободување.[3] Пред тоа, тој бил силно инспириран од Јероним де Рада и Наим Фрашери како и од Албанската преродба во која Албанците се осознаа како нација која го заслужува правото на самоуправување. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia