Александар и Блага ТодоровиАлександар и Блага Тодорови — брачна двојка, пријатели и деловни партнери на Арон и Ривка Бехар, праведници меѓу народите од Скопје. Јад Вашем ги признал Александар и Блага за праведници на 6 јануари 1980 година под број 1766[1] Спасување од холокаустотАрон и Ривка се венчале во 1938 година, а во 1939 ја добиле ќерката Бенвенита (Бети). Како добри пријатели со Александар и Блага, тие доста време поминувале во нивниот дом. На 6 април 1941 година Југославија била нападната од силите на Оската и за кратко време окупирана. Македонија и Скопје биле под бугарска окупација. Бугарските власти вовеле многу антисемитски прописи со кои им отежнат животот на Евреите. Александар и Блага се плашеле за безбедноста на нивните пријатели, па набавиле фалсификувани документи со кои Арон, Ривка и Бенвенита требало да заминат за Албанија. При патот до граница, Арон и Ривка се уплашиле дека ќе ги фатат, па се вратиле во Скопје. На 11 март 1943 година, заедно со другите Евреи од Битола и Штип и скопските биле затворени во зградата на Монополот. Пред да ги затворат Арон и Ривка успеале да ја скријат Бенвенита кај Александар и Блага. Тие ѝ го смениле името во Кристина и ја гледале како свое дете. Одвреме навреме ги посетувале Бугарите заради сомнеж дека детето е Еврејче. По ослободувањето на Тодорови во 1947 добиле син Сергеј и истата им бил национализиран имотот, по што заминале во Опатија. Таму биле затворени и Бенвенита го гледала малиот Сергеј неколку додека не дошла тетка му и ги зела во Белград. По три месеци Блага била ослободена, ги зела децата и се вратила во Скопје. Александар бил ослободен во 1952 година. Истата година Бенвенита дознала за своето потекло и заедно со други деца со еврејско потекло заминал за Израел. Живеела во кибуц и ги одржувала врските со семејството Тодорови.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia