Алесандро Костакурта
Алесандро "Били" Костакурта ( роден на 24 април 1966) — италијански фудбалески менаџер и поранешен професионален одбранбен играч, кој најчесто настапувал на позицијата централен дефанзивен играч од одбраната. Во текот на неговата кариера, Костакурта поминал повеќе од дваесет години, во Милано во периодот помеѓу 1986 и 2007 година, како и кратка сезона како позејмен играч во Монца. Тој е најдобро познат по неговата значајна одбранбена улога заедно со Франко Барези, Паоло Малдини и Мауро Тасоти, кој ја сочинувале една од најдобрите одбрани во Серија А и европскиот фудбал во текот на доцните 1980-те и почетокот на 1990-тите, под раководство на менаџерите Ариго Саки и Фабио Капело.[1] Тој главно настапувал како централен дефанзивец, и бил една од водечките експоненти на позицијата, примајќи многу меѓународни признанија, освојувајќи ја Серија А седум пати и пет пати Лигата на Шампионите во текот на неговата кариера, како и многу други трофеи.[2] Костакурта се повлекол од професионалниот фудбал на возраст од 41 година, на 19 мај 2007 година. Во неговиот последен натпревар за Милан, тој постигнал гол од пенал во 3-2 во поразот против Удинезе, со што станал најстариот стрелец во Серија А.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia