Алесандро Неста
Алесандро Неста (роден на 19 март 1976) — поранешен италијански фудбалер кој играл на позиција одбрана. Неста својата професионална кариера ја започнал со Лацио, каде настапувал во периодот од 1993 до 2002 година за да премине во редовите на Милан. Со Милан и Лацио Неста освоил 17 трофеи од кои четири Калчо титули, две во Лигата на шампионите, Куп на куповите и клупско светско првенство. За репрезентацијата на Италија одиграл 78 натпревари и освоил злато на Светското првенство во 2006 и сребро на Европското првенство 2000 година. Неста бил 4 пати избран за најдобар дефанзивец во Серија А и четри пати член на Уефа тимот на годината.[1] Во 2004 година, тој беше избран во Топ 100 најголеми живи фудбалери како дел од прославата на 100 годишнината на ФИФА.[2] Во 2012 година потпишал за канадскиот ФК Монтреал Импакт каде и што ја завршил својата професионална кариера. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia