Алехандро Гонсалес Ињариту
Алехандро Гонсалес Ињариту (роден на 15 август 1963 г.) — мексикански филмски режисер, сценарист, продуцент и поранешен композитор. Тој е првиот мексикански режисер номиниран за Оскар за најдобар режисер, за Вавилон (2007). Шест долгометражни филмови на Ињариту — Кучешка љубов (2000), 21 грам (2003), Вавилон (2006), Прекрасно (2010), Човекот-птица (2014), и Повратник (2015) — собраа позитивни критики и бројни признанија, вклучувајќи Оскар номинации и победи. Во 2015 година, Ињариту добил Оскари за најдобар режисер, најдобро оригинално сценарио, и најдобар филм за Човекот-птица. Следната година, тој го добил Оскарот за најдобар режисер за Повратник, со што станал само третиот режисер во историјата кој победил во категоријата две последователни години, и прв по 1950 година. Рани годиниАлехандро Гонсалес Ињариту е роден во Град Мексико, како најмлад од седум деца во семејството на Луз Марија Ињариту и Хектор Гонсалес Гама.[1] Во периодот од 16 и 18 години тој пловел преку Атлантскиот Океан на товарен брод и патувал низ Африка и Европа.[2][3] Тој подоцна истакнал дека овие рани патувања имале големо влијание на него како режисер.[3] Настаните во неговите филмови често се случуваат на места кои тој ги посетил во овој период. По патувањата, Ињариту се вратил во Град Мексико и дипломирал на департманот комуникации на Ибероамериканскиот универзитет, еден од најпрестижните приватни универзитети во Мексико.[4] Личен животИњариту е венчан со Марија Еладија Хагерман која е уредник и графички дијзанер. Хагерман и Ињариту изгубиле новороден син во средината на 1990. години. Тие имаат син и ќерка.[5] Тој е добар пријател со мексиканските режисери Гуљелмо дел Торо и Алфонсо Куарон, општо познати како „The Three Amigos of Cinema“.[6] Ињариту изјавил, во однос на нелегалната имиграција, „Не постои човек кој, како резултат на желбата да изгради подобар живот, треба да се именува или прогласува за нелегален.“[7] Според Ињариту, планот на Доналд Трамп за изградба на ѕид на границата помеѓу САД и Мексико ќе го „предаде основањето на САД. Силата на САД лежи во различноста.“[8] Филмографија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia