Сликата на Доријан Греј
Сликата на Доријан Греј (англиски: The Picture of Dorian Gray) — единствениот објавен роман на Оскар Вајлд. Првобитно, делото се појавило во месечното издание на списанието „Липинкот“, на 20 јуни 1890 година, а Вајлд подоцна го преработил ова издание, правејќи неколку измени и додавајќи нови поглавја. Изменетата верзија била објавена од „Вард, Лок енд Компани“, во април 1891 година. Книгата понекогаш се погрешно се наведува како Портретот на Доријан Греј. Романот раскажува за еден млад човек по име Доријан Греј, модел на една слика од уметникот Базил Холвард. Базил е импресиониран од убавината на Доријан, станува заслепен од него, верувајќи дека неговата убавина е одговорна за новиот стил во неговата уметност. Доријан се запознава со лорд Хенри Вотон, пријател на Базил, и е маѓепсан од неговиот поглед на светот. Застапувајќи се за еден нов хедонизам, лорд Хенри вели дека единствените нешта кон кои вреди да се тежнее во животот се убавината и задоволувањето на сетилата. Свесен дека еден ден неговата убавина ќе избледне, Доријан изјавува желба да си ја продаде душата, во замена за тоа портретот насликан од Базил да старее наместо него. Желбата на Доријан се исполнува, и го фрла во развратен живот. Портретот служи како потсетник за тоа каков ефект има секое негово дело врз неговата душа. Секој грев е претставен или како изобличување на неговата форма, или како знак на стареење. Сликата на Доријан Греј се смета за дело кое спаѓа во класичен готски хорор со силно изразена Фаустовска тема. Содржина![]()
ЛиковиВо едно писмо Вајлд вели дека главните ликови се одраз на него самиот: „Базил Холвард е она што мислам дека сум: лорд Хенри е она за што ме смета светот: Доријан е она што би сакал да сум, во некои други времиња, можеби“. Главни ликови
Други ликови
ТемиЕстетизам и дволичностЕстетизмот е силен мотив и се врзува со концептот на двоен живот. Главната тема е тоа дека естетизмот е само една апсурдна апстракција, која наместо да го облагороди, служи само за да го разочара концептот на убавина. Иако Доријан е хедонист, тој сепак се грижи за сликата и положбата што ја има во Викторијанското општество. Вајлд го нагласува задоволството на Доријан од тоа што води двоен живот. Не само што Доријан ужива во ова чувство приватно, туку и чувствува „мошне ужасно задоволство од двојниот живот“ кога присуствува на еден друштвен собир само дваесет и четири часа по извршувањето на убиство. Дволичноста и насладата најубаво се гледаат во посетата на Доријан на лондонските дувла на опиум. Вајлд ги комбинира сликите на високата класа и ниската класа со тоа што наводно „високиот“ Доријан ги посетува осиромашените делови на Лондон. Лорд Хенри тврди дека „криминалот и припаѓа ексклузивно на ниската класа... Би требало криминалот да е за нив она што е уметноста за нас, само метод за искусување на несекојдневни чувства“, што упатува на тоа дека Доријан е и криминалец и естет, комбинирани во еден човек. Ова можеби може да се поврзе со делото „Чудниот случај на д-р. Џекил и мистер Хајд“ на Роберт Луис Стивенсон, на кое Вајлд многу му се восхитувал. Поделбата која се случува во д-р Џекил и мистер Хајд, иако екстремна, е очигледна и во Доријан Греј, кој се обидува да ги содржи и двата различни делови од неговата личност. Ова е тема што се среќава во многу готски романи. Влијание и одговорностВлијание е темата што провејува низ целата книга. Влијанието е во голема мера од страна на авторот како неморално, затоа што на крајот може да ги наведе луѓето кон донесување туѓи, а не свои одлуки, како што најдобро се гледа преку ликот на Доријан Греј. Сепак, сите луѓе потпаѓаат под влијае, а и самите влијаат некому, и иронично, книгата може да влијае врз нејзиниот читател, иако во предговорот парадоксално стои дека ниеден уметник, со неговата работа „не сака да докаже нешто“ или да има „етички симпатии“. Во прилог на влијанието доаѓа и проблемот околу тоа кој да биде одговорен за одредени дејства. Главниот недостаток на Доријан е тоа што тој никогаш за ништо не се смета за одговорен, наместо тоа избегнува да преземе одговорност оправдувајќи ги неговите дејства според филозофијата на новиот хедонизам. Кога Сибил се самоубива, Доријан се оградува од вината, со тоа што гледа на нејзината смрт како на некое уметничко дело- како на некоја трегедија. Во неговата страст да ја припишува одговорноста на кој било друг освен себеси, Доријан го обвинува Базил за правецот во кој тргнал неговиот живот. Во убивањето на Базил, раскажувачот дури ја опишува и сцената за да ја демонстрира перцепцијата на Доријан дека не тој, туку ножот го извршува убиството, за тој повторно да остане без никаква вина. Самата вклученост на Вајлд во естетското движење дополнително го заматува општото сфаќање на тоа дали неговиот главен лик, во избегнувањето одговорност за неговите дејства, треба да се перцепира трагично или херојски (или можеби и на двата начина подеднакво). Алузии на други делаРепубликаВо Платоновата Држава, Глаукон и Адемантиј го раскажуваат митот за Прстенот на Гиг, со чија помош Гиг станува невидлив. Тие го прашуваат Сократ, кога некој би поседувал таков прстен, зошто би постапувал праведно? Сократ одговара дека дури и кога никој не може да го види физичкиот изглед, душата се изобличува од злата што ги прави. Оваа изобличена (антитеза на убава) и расипана душа е неурамнотежена и растроена, и самата по себе непосакувана, без оглед на предностите што би можеле да ги имаме од постапувањето неправедно. Портретот на Доријан е средството преку кое другите луѓе, како неговиот пријател Базил, може да ја видат неговата изобличена душа. TannhäuserВо една прилика, Доријан присуствува на изведба на операта на „Танхојзер“ на Рихард Вагнер, каде експлицитно е кажано дека тој лично се идентификува со делото. Вистина е дека операта има некои впечатливи сличности со романот, и на кратко ја раскажува приказната за средновековен (и историски реален) пејач, чија уметност е толку убава што предизвикува Венера, самата божица на љубовта, да се вљуби во него, и да му понуди вечен живот со неа. Сепак, Танхојзер почнува да станува незадоволен од неговиот живот таму, и избира да се врати во суровиот свет на реалноста, каде откако ќе учествува во еден натпревар по пеење, тој е строго цензуриран поради неговата сензуалност, и на крајот умира во потрага по покајание и љубов на добра жена. ФаустВајлд има кажано „во секој прв роман херојот е авторот како Христос или Фауст“. Како и во Фауст, ставено е искушение пред главниот лик Доријан, можноста за безвремена убавина. Доријан му се предава на искушението. Во двете приказни, главниот лик привлекува убава жена која го сака и која ја убива. Иако Фауст исто така го убива и братот на жената, Сер Џефри Клостон го поштедува Доријан од задачата да го убие Џејмс Вејн случајно застрелувајќи го. Вајлд уште ќе каже и дека идејата зад Сликата на Доријан Греј е „стара во историјата на книжевноста“ но дека тој овојпат и „дал нова форма“. За разлика од Фауст, нема точка во која Доријан прави договор со ѓаволот. Сепак, циничната перспектива на животот и хедонистичка природа на лорд Хенри се чини дека е во согласност со идејата на улогата на ѓаволот, онаа на искушување на чистите и невини квалитети за кои Доријан е пример на почетокот од книгата. Иако Лорд Хенри се интересира за Доријан, тој изгледа дека не е свесен за ефектот од неговите дејства. Сепак, токму Лорд Хенри го советува Доријан дека „единствениот начин да се ослободиш од искушение е да му се предадеш. Спротивстави му се, и твојата душа ќе се разболи од копнеж“ во оваа смисла, Лорд Хенри може да се смета дека го претставува ѓаволот „наведувајќи го Доријан во несвет пакт, манипулирајќи ја неговата невиност и несигурност“. ШекспирВо неговиот предговор, Вајлд пишува за Калибан, лик од Шекспировата драма Бура. Кога Доријан му кажува на Лорд Хенри Вотон за неговата нова „љубов“, Сибил Вејн, ги спомнува сите драми на Шекспир во кои глумела, како хероина во секоја претстава. Подоцна во романот, зборува за неговиот живот цитирајќи го Хамлет, кој на сличен начин ја доведува својата девојка до самоубиство, а нејзиниот брат да се заколне на одмазда. Жорис-Карл Уисманс„Отровниот француски роман“ на Доријан кој го доведува до неговиот пад, се смета дека е романот À rebours на Жорис-Карл Уисманс. Литературниот критичар Ричард Елман има напишано: „Вајлд не ја именува книгата, но на неговото судење призна дека мислел на A Rebours на Уисманс... На еден дописник има напишано дека извел „фантастична варијација“ врз À rebours и дека еден ден мора да ја запише. Наводите во Доријан Греј на одделни поглавја намерно се неточни. Литературно значењеИсторија на објавувањеСпоред Хескет Пирсон (Hesketh Pearson), биографот на Оскар Вајлд, романот настанал од еден краток расказ, заснован врз една случка од вистинскиот живот. Имено, во 1884 година, Вајлд го посетувал својот пријател, сликарот Базил Ворд (Basil Ward) во неговото ателје додека тој го сликал портретот на едно многу убаво момче. во една прилика, наводно Вајлд рекол: „Штета што ова прекрасно суштество ќе остари“, а сликарот му одговорил со зборовите што подоцна Вајлд ги ставил во устата на Доријан Греј: „Кога би можел да остане засекогаш млад, а сликата да остари.“ Инаку, оваа случка многу слична на настанот опишан во делото на Балзак, „Шагринска кожа“, но Вајлд тврдел дека никогаш не го имал прочитано овој роман. Во секој счучај, оваа анегдота станала темел на расказот, а подоцна и на романот при што Базил Ворд бил основа за ликот на Базил Халвард; Вајлд го разработил остатокот од фабулата, вметнал бројни есеистички забелешки кои во романот ги кажува лордот Хенри Вотон; и воведени се неколку интерсни ликови, како Сибил и Џејмс Вејн.[10] Романот „Сликата на Доријан Греј“ првпат се појавил во 1890 година, во американското списание Lippincott's Magazine, како последица на разговорот што една година претходно го воделе уредникот на списанието, Оскар Вајлс и Артур Конан Дојл. Во 1889 година, Џ. М. Стодарт, уредникот за „Липинкотс“, престојувал во Лондон за да бара соработници за списанието.[10] На 30. август 1899 година, Стодарт вечерал со Оскар Вајлд и со Артур Конан Дојл во хотелот „Ленгхам“ и од двајцата порачал кратки романи при што им понудил одлични финансиски услови. Конан Дојл веднаш му го испратил „Знакот на четворицата“ (The Sign of the Four), но Вајлд задоцнил со испораката. Романот на Конан Дојл бил објавен во февруарското издание од 1890 година, а Стодарт го добивил романот „Сликата на Доријан Греј“ на 7. април 1890 година. Стодарт бил воодушевен од литературните вредности на делото, но му напишал на издавачот Џорџ Липинкот дека „во сегашната форма има многу работи за кои една невина жена би направила исклучок“. Оттука, Стодарт и неговите колеги направиле бројни промени во романот, како што биле: отстранување на неколку страници кои алудираат на хомосексуалноста или на хомосексуалниот копнеж, бришење на сите наводи на фиктивната книга Le Secret de Raoul, и нејзиниот фиктивен автор Катул Сарацан (Catulle Sarrazin), како и на трите наводи на женските ликови, Сибил Вејн и Хети Мертон како „љубовници“ на Доријан Греј. Романот бил објавен на 20. јуни 1890 година, во јунското издание на „Липинкотс“. Британските критичари остро ја осудиле книгата за неморал, а романот бил толку контроверзен, што В.Х. Смит го повлекол изданието објавено во „Липинкотс“ од неговите полици на железничките станици. Во 1891 година, романот се појавил како самостојно издание, во облик на книга, збогатен со неколку поглавја и со вовед, кој претставува еден вид ларпурлартистички манифест, а кој настанал како одговор на Вајлд на бурните реакциии на критиката.[10] Делумно поради критиката на првото издание, Вајлд потоа се обидел да ублажи некои од похомоеротските наводи во книгата и да ја поедностави моралната порака. Во изданието од 1890 година, Базил му кажува на Хенри како го „обожава“ Доријан и го моли да не „му ја одземе единствената личност што ми го прави животот совршено прекрасен“. Фокусот врз Базил во изданието од 1890 година е насочен повеќе кон љубовта, додека пак во изданието од 1891 година, Базил се грижи повеќе за неговата уметност, кога вели „единствената личност која и го дава на мојата уметност нејзиниот шарм: мојот живот, како уметник зависи од него“. Исто така, книгата била значително проширена. Оригиналните тринаесет поглавја се зголемиле на дваесет, а последното поглавје било поделено во две нови поглавја. Овие дополнувања вклучуваат „отелотворување на Доријан како лик“ и истовремемено обезбедуваат детаљи за неговото потекло, што помага за да се направи неговиот „психолошки колапс попролонгиран и поубедлив“. Ликот на Џејмс Вејн, исто така, бил воведен во таа прилика, а додавањето на овој лик помага да се нагласи и предвиди себичниот начин на живот на Доријан. Најпосле, вклучувањето на Џејмс Вејн му дава на романот и потипична викторијанска нијанса, како дел од обидите на Вајлд да го намали контроверзното опкружување на книгата. Уште една значајна измена е тоа што, првобитно, во втората половина од романот било прецизирано дека половина од настаните во романот се одвиваат околу 32. роденден на Доријан Греј, на 7. ноември; по измените, настаните се случуваат околу триесет и осмиот роденден на Доријан Греј, на 9. ноември, со што е продолжен периодот во кој се случува приказната. Претходната дата е значаен по тоа што се совпаѓа со годината од животот на Вајлд, во која тој се впуштил во хомосексуална врска. ПредговорПредговорот на Сликата на Доријан Греј, е додаден заедно со другите измени, по критиката на изданието објавено од Липинкотс. Вајлд го користи за да и се обрати на критиката и да ја одбрани репутацијата на романот. Предговорот се состои од збир на искази во врска со улогата на уметникот, самата уметност, и вредноста на убавината, и служи како индикатор за начинот на кој Вајлд сака да биде читан романот, како и траги на Вајлдовото откривање на Таоизмот и делата на кинескиот таоистички филозоф Чуанг Тсу (Chuang Tsu). Кратко пред да го напише предговорот, Вајлд го разгледува преводот на Херберт А. Џилс на делата на Чуанг Тсу. КритикаПрвичниот прием на книгата од страна на критиката бил лош, а романот бил опишуван како „каллив и гаден“, „нечист“, „женствен“ и „загадувачки“. На пример, „Ајриш Тајмс“ напишал за првото издание на „Сликата на Доријан Греј“ дека било „објавено со скандал“. Ваквите реакции биле предизвикани од хомоеротичните примеси во книгата (особено, односот меѓу Базил и Доријан Греј), кои предизвикале сензација меѓу викторијанските критичари при првото објавување на книгата. Исто така, голем дел од критиката се противел на хедонизмот на Вајлд и извртените погледи на конвенционалниот морал. Притоа, поблагите критичари му забележувале на Вајлд поради тоа што ја отфрлил тезата за божественото потекло на убавината, набљудувајќи ја надвор од односите меѓу доброто и злото, моралот и неморалот. Исто така, веднаш била забележана врската меѓу неговите ставови и француските декаденти, а некој дури ја нарекол „Сликата на Доријан Греј“ прв француски роман што е напишан на англиски јазик.[11] Весникот „Дејли Хроникл“, во изданието од 30 јуни 1890 година, напишал дека романот на Вајлд содржи „еден елемент ... кој ќе го зарази секој млад човек кој ќе дојде во контакт со него“. Слично, „Скотс Обзервер“, од 5 јули 1890 година, прашувал зошто Вајлд мора да „копа по купишта ѓубре?“ Вајлд одговорил на таквите критики со скусување на некои од хомоеротичните примеси и со додавање на шест поглавја на книгата. Исто така, тој го бранел делото со голем жар, на голем број предавања, како и во бројни текстови и писма објавени во весниците.[11] Доријан Греј како мотив во популарната култура
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia