Амин![]() Амин (библиски хебрејски: אָמֵן, āmēn) — вообичаен завршеток во молитвите и псалмите, наменет да ја потврди вистинитоста на изговорените зборови.[1][2] Една од најчестите (особено во богослужбата на западните христијански исповеди) акламации. Зборот е меѓународен.[3] ДревностВо Древниот Вавилон, зборот „омен“ значел одреден ѕвезден состав што се сметал за предвесник на некој настан. Грубо преведено, „омен“ значи „она што ќе дојде“. СимболАмин е збор што симболизира договор и потврда. Се појавува во Светото писмо и се користи и во синагошките литургии и во христијанските молитви. Во Книгата на откровението, „Амин“ се користи и за да се однесува на Христос. Зборот амин е сличен на „ом“, при што и двата го носат истото значење на потврда и одобрување. Во оваа смисла, двата поими го изразуваат присуството на самиот Господ. Основно значењеАмин е збор што изразува желба наместо извесност. Тоа значи „така да биде“, „навистина“ или едноставно „да“. Зборот доаѓа од еврејски корен што означува постојаност, цврстина и сигурност. Да се каже „амин“ е начин да се потврди дека веруваме дека кажаното е точно, без разлика дали потврдуваме предлог или се придружуваме кон нечија молитва.[4] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia