Амт Нојхаус
Амт Нојхаус (германски: Amt Neuhaus; буквално Амт Нојхаус) — општина во округот Линебург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Општината била создадена на 1 октомври 1993 година, а претходно поранешните општини припаѓале во округот Хагенов, во рамки на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, во тогашната Источна Германија. Името на општината потекнува од самата истоимена административна единица која постоела во рамките на Кралството Хановер. ГеографијаМестоположбаОбласта на општината се наоѓа во долината на Елба, северно од Природниот парк Елбхеен-Вендланд и целосно се наоѓа во Биосферниот резерват Долносаксонски Елбталауе. Во северниот дел на општината поминува реката Зуде. Во Зуде, кај Зикау, се влева реката Регниц. Сепак, како главен водотек во општината е Елба, која ја создава југозападната општинска граница. Највисоката точка во општината е 35,7 метри во пошумена област северно од Стиксе.
Општински единициОпштината се состои од седум единици:
ИсторијаСтариот Амт Нојхаус: 1689–1945![]() ![]() Од почетокот на источната колонизација, Амт Нојхаус припаѓал на Војводството Саксо-Лауенбург; по смртта на последниот војвода Јулиј Франц во 1689 година започнал краток конфлик за лауенбуршкиот дел на поранешното војводство помеѓу Изборното кнежевство Хановер – подоцнежното Кралство Хановер – и тогашниот дански Холштајн. Дури во Хамбуршкиот договор од 1693 година било одлучено областа на поранешното војводство да припадне на Кралството Хановер. Во 1698 година бил срушен стариот војводски замок Нојхаус, а камењата биле искористени за градба на ловечките замоци Герде. Во 1810 година, по француската победа било основано наполеонското Кралство Вестфалија, каде бил создаден департман Долна Елба. По Виенскиот конгрес во 1815 година било создадено Кралството Хановер, додека Војводството Лауенбург било дадено на Данска, но сепак Амт Нојхаус останал дел од Хановер. Во 1820 година, Зумте и Крузендорф биле додадени во областа на Амт Нојхаус, а во 1852 година бил основан суд. По пруската анексија, Кралството Хановер било укинато и била создадена покраина Хановер и областа на Амт Нојхаус била вклучена во округот Блекеде, кој бил укинат во 1932 година и бил вметнат во округот Линебург. До крајот на Втората светска војна, скоро целата поранешна област на Амт Нојхаус уште припаѓал на округот Линебург и со тоа на покраината Хановер; само селото Ниндорф (во 1974 година припоено во денешното место Зумте) припаѓало на покраината Мекленбург. По војната, оваа хановерска област кратко припаѓала на британската окупациска зона, но од практични причини (немало мостови на Елба) во јули 1945 година била предадена на советската окупациска зона и поради тоа припаѓала на Источна Германија. Денешниот Амт Нојхаус од 1992 г.![]() По мирната револуција во Источна Германија во мај 1990 година во осумте стари општини Делиен, Хар, Карсен, Нојхаус/Елба, Штапел, Зикау, Зумте и Трипкау се спровеле општински избори и на 31 март 1992 година бил создаден Амт Нојхаус од овие осум општини. Осумте општински совети едногласно гласале за префрлање во Долна Саксонија. До 29 јуни 1993 година уште припаѓале на округот Хагенов во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија. На 30 јуни 1993 година бил потпишан покраински договор помеѓу обете покраини. Исто така, мекленбуршкото место Ниндорф, кое од 1 јануари 1974 година припаѓале на Зумте, станало дел од Долна Саксонија. Заедно со осумте општини, кон Амт Нојхаус се приклучиле три места од општината Телдау, Ној Блекеде, Ној Вендиштун и Штипелзе, исто така кон Долна Саксонија. На 30 јуни 1993 година, Ној Блекеде и Ној Вендиштун станале дел од градот Блекеде, додека Штипелзе кон општината Зумте. Во меѓувреме, општините Делиен и Зикау станале дел од општината Нојхаус/Елба. Од 30 јуни 1993 година, дотогашниот Амт Нојхаус бил составен од шест општини Хар, Карсен, Нојхаус/Елба, Штапел, Зумте и Трипкау и оттогаш бил општинска заедница во Долна Саксонија. На 1 октомври 1993 година, шесте општини на дотогашната општинска заедница Амт Нојхаус станале една општина. Иако општината не е повеќе амт, го задржала името Амт Нојхаус како име за општината. Преку планираната градба на нов мост на Елба помеѓу Дархау и Ној Дархау во округот Лихов-Даненберг општината подобро би се поврзала со окружниот град Линебург. Сепак, градбата на мостот е одложена поради опасност кон биосферниот резерват. На 7 јуни 2009 година, граѓаните на општината се изјасниле за спојување на општината кон градот Блекеде, како и општините на општинската заедница Даленбург. Сепак, поголемиот град Блекеде со две третини го отфрлил предлогот. И вториот ваков бил одбиен. Основна причина за одбивањето е финансиската состојба, бидејќи градот има помали долгови во споредба со Даленбург и Нојхаус. Во областа и ден денес се говори долносаксонскиот јазик. ПолитикаАмт Нојхаус припаѓа на покраинскиот изборен округ Елба и на сојузниот изборен округ Лихов-Даненберг - Линебург.[2][3] Општински советСоветот на општината Амт Нојхаус се состои од 14 члена. Општинските избори на 11 септември 2016 година имале излезност од 61,6% и ги дале следниве резултати:[4]
Градоначалник
ПартнерствоАмт Нојхаус има воспоставено партнерства со следниве општини: Познати луѓе
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia