Социјалдемократска партија на Германија
Социјалдемократска партија на Германија (германски: Sozialdemokratische Partei Deutschlands, SPD) — социјалдемократска[2][3][4][5] политичка партија во Германија. Партијата е една од двете големи современи политички парти во Германија, заедно со конзервативната унија CDU/CSU, и е предводена од Зигмар Габриел. Моментално, SPD владее на сојузно ниво со голема коалиција со Христијанската демократска унија и Христијанската социјална унија од декември 2013 година по општите избори во Германија во 2013 година. Партијата учествува во тринаесет покраински влади, од кои девет предводени од министри-претседатели од SPD. SPD е членка на Партијата на европските социјалисти и Социјалистичката интернационала и основач на Прогресивната алијанса на 22 мај 2013 година.[6][7][8] SPD е најстарата постоечка политичка партија во Бундестагот во Германија, основана уште во 1863 година. Воедно, партијата поседува најголемо членство од сите германски партии. По Втората светска војна, под водство на Курт Шумахер, SPD се поставила како идеолошка партија, којашто ги застапувала интересите на работничката класа и синдикатите. Партиската програма, што ги следела марксистичките принципи, повикувала на национализација на главните индустрии и државно планирање. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia