АмфотерностВо хемијата, амфотерноста е особина на некои супстанци да покажуваат својство на киселина или база. Зборот потекнува од грчката претставка амфи (αμφί-) што значи "обајцата". Многу метали (како цинк, калај, олово, алуминиум и берилиум, како и повеќето металоиди) имаат амфотерни оксиди или хидроксиди. Друга класа на амфотерни супстанци се амфипротичните молекули кои можат или да оддадат, или да прифатат протон. Примери за вакви супстанц се аминокиселините и белковините, кои имаат амино и карбоксилна група, како и самојонизирачките соединенија како водата и амонијакот. Амфотерни оксиди и хидроксиди[1]Цинк оксид (ZnO) реагира различно во зависност од pH на растворот: Во реакција со киселини: ZnO + 2H+ → Zn2+ + H2O Во реакција со бази: ZnO + H2O + 2OH- → [Zn(OH)4]2- Овој ефект може да се искористи за да се одделат различни катјони, како на пример, цинкот од манганот. Алуминиум хидроксидот се однесува на сличен начин: База (неутрализирајќи киселина): Al(OH)3 + 3HCl → AlCl3 + 3H2O Киселина (неутрализирајќи база): Al(OH)3 + NaOH → Na[Al(OH)4] Некои други примери се:
Некои други елементи кои образуваат амфотерни оксиди се: Si, Ti, V, Fe, Co, Ge, Zr, Ag, Sn, Au[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia