Карбоксилна киселина![]() ![]() ![]() Карбоксилните киселини се органски киселини чија функционална група е карбоксилната група (-COOH). Таа се состои од ацил (карбонилна) група поврзана со хидроксилна група (OH), со тоа што кај мравската киселина за карбоксилната група е поврзан еден водороден атом наместо радикал. Општата формула на карбоксилните киселини е R-COOH. Тие се среќаваат во организмот на многу растенија (како коприви) и животни (како мравките). Поделбата на карбоксилните киселини може да се прави на повеќе начини:
ИменувањеСпоред МСЧПХ, едноставните алифатични монокарбоксилни киселини се именуваат вака: за основа се зема името на јаглеводород со ист број на C-атоми (во кој е вклучен и C-атомот од карбоксилната група) кон кое се додава наставката -ска киселина или -ова киселина. На пример:
Карбоксилната група е функционална група од највисок ранг и затоа при именувањето има предност пред сите други групи. Значи, ако во соединението има карбоксилна и други групи, тоа е супституирана киселина. ДобивањеПостојат многу постапки за синтетичко добивање на карбоксилните киселини. Најважни се:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia