Анатомско-терапевтско-хемиски систем на класификацијаАнатомско терапевтско хемиски систем на класификација (англиски: Anatomical Therapeutic Chemical (ATC) Classification System) или АТХ — систем за групирање на лековите. Овој систем го регулира Соработниот центар за методологија на статистиката на лековите при СЗО (WHOCC), и за првпат е објавен во 1976 г.[1] Системот за класификација ги дели лековите во различни групи според органот или системот врз кој тие делуваат и нивните терапевтски и хемиски одлики. Секој целосен ATC код се однесува само на една индикација (или употреба) на фармацевтски употребена супстанца. Ова значи дека еден лек може да има повеќе од еден код: ацетилсалицилна киселина (аспирин), на пример, има A01 како лек за локална орална терапија, B01 како инхибитор на тромбоцити, и N02 како аналгетик и антипиретик. Од друга страна пак, неколку различни препарати на готови лекови имаат ист код ако тие содржат иста активна супстанца и имаат исти индикации. КласификацијаСпоред овој систем, лековите се класифицирани во групи според пет различни нивоа:[2] Прво нивоПрвото ниво од кодот укажува на главната анатомска група на која дејствува лекот и се состои од една буква. Постојат 14 главни групи:[3]
Второ нивоВторото ниво од кодот укажува на главната терапевтска група на лекот и се состои од две цифри. Трето нивоТретото ниво од кодот укажува на терапевтската/фармаколошката подгрупа и се состои од една буква. Пример: C03C Јаки диуретици Четврто нивоЧетвртото ниво од кодот укажува на хемиската/терапевтската/фармаколошката подгрупа и се состои од една буква. Пример: C03CA Сулфонамиди Петто нивоПеттото ниво од кодот укажува на хемиската супстанца и се состои од две цифри. Пример: C03CA01 Фуросемид ATCvetАнатомско Терапевтско Хемискиот Систем за Класификација на ветеринарно-медицинските производи (АТХ вет) (англиски: Anatomical Therapeutic Chemical Classification System for veterinary medicinal products (ATCvet)) се користи за класифицирање на ветеринарни лекови. ATCvet кодовите можат да бидат создадени со ставање на буквата Q пред ATC кодот на повеќето човечки лекови. На пример, фуросемидот за ветеринарна употреба го има кодот QC03CA01. Некои кодови се исклучиво за ветеринарни лекови, како QI Имунолошки лекови, QJ51 Антибактериски лекови за апликација во виме или QN05AX90 амперозид.[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia