Ана Липша-Тофовиќ
Ана Липша-Тофовиќ (хрватски: Ana Lipša - Tofović; Сисак, Хрватска, 23 август 1926 – Скопје, 3 септември 2012) била видна хрватска и македонска оперска певица. ЖивотописЛипша-Тофовиќ е родена во хрватскиот град Сисак на 23 август 1926 година. Таа на 4 август 1961 година влегла во историјата на македонската култура со концертот одржан во црквата „Света Софија“, со што било означено раѓањето на манифестацијата „Охридско лето“. Починала на 3 септември 2012 година на 86 години во Скопје.[1] Нејзин сопруг бил професор Петар - Пјер Тофовиќ виден македонски неврохирург и маркантна личност во повоената македонска култура. Од многуте награди што ги има добиено, таа е двапати добитник на наградата „11 октомври“ за улогата на Орфеј во операта на Глук и за животно дело.
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia