Ангелина Илиќ - ДимитроваАнгелина Илиќ - Димитрова ( 1923 во Скопје — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1] ЖивотописДелувала во Скопје и учествувала во демонстрациите по повод 27 март 1941 година. По овој настан веднаш била примена за член на СКОЈ. Заедно со група напредни шивачи на кои им припаѓала, формирала шивачка работилница „Колектив“ чии простории биле ползувани за одржување на партиски состаноци, чување оружје и материјали за партизанските одреди. Во јули-август 1942 година дејноста на „Колектив“, била откриена и Ангелина преминaлa во илегалност. Во пролетта 1943 година задругата била повторно обновена и делувала до мај 1944 година. Дејноста на Ангелина била тесно поврзана со постоењето на оваа задругa. Во октомври 1944 година заминала во партизани во базата кај Горно Количани, Скопско, но, била вратена во Скопје за воспоставување на врски. По ослободувањето на градот активно работела во организацијата АФЖ.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia