Ангел Харизанов

Ангел Харизанов Спанчовалијата
Роден 1870
Спанчево, Серско
Починал 31 јули 1902
Арамиска чешма, Серско

Ангел Харизанов наречен Спанчовалијата (1870-1902) — македонски револуционер, мелнички војвода и член на Македонската револуционерна организација.[1]

Животопис

Ангел Харизанов е роден во 1870 година во селото Спанчево, Серско. Се вклучил во редовите на Организацијата и бил назначен за терорист. Во 1899 година бил назначен за војвода на Организацијата во Мелничко. Загинал на 31 јули (стар стил) 1902 година во месноста Арамиска чешма, меѓу селата Петрово и Голешево, Серско.

Наводи

  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 7
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya