Андреа (македонска пејачка)
Андреа Коевска, позната под уметничкото име Андреа (родена на 14 февруари 2000) ― македонска поп-пејачка, родена во Скопје. Андреа свири на два инструменти, гитара и пијано, но за себе вели дека гласот е нејзиниот најсилен инструмент. Ран животЉубовта на Андреа кон музиката започнала во раното детство кога на петгодишна возраст заедно со нејзините родители се преселиле во Харлем, Њујорк, Соединетите Држави, каде живееле една година. Нејзините први сеќавања за музика се звуците на госпел, соул, џез[1] и ритам и блуз кои ја претвориле во уметник и огромен љубител на музика. Потекнува од угледно семејство, со татко професор по право и мајка специјалист по физикална медицина, кои очекувале од неа да ги следи нивните стапки и да се стекне со „ценета“ кариера.[2] Андреа сепак решила да се занимава со нешто сосема различно од очекувањата на родителите, следејќи го својот талент и страст, занимавајќи се со музика. КариераНејзината музичка приказна започнала сосема случајно, таа за забава објавувала кратки видеа на нејзиниот инстаграм профил со преработки и препеви на познати поп и рок хитови. Нејзиниот талент и гласовни способности биле забележани и препознаени од страна на познатиот музички продуцент Александар Масевски, кој ја поканил во неговото студио и ѝ предложил соработка. Тој воедно бил и главен мотиватор за таа подоцна да се запише на Факултетот за музичка уметност - Скопје на отсекот соло пеење - популарни жанрови.[2][3] Таа и нејзиниот продуцент Александар се одлучиле за почеток текстовите да бидат исклучиво на англиски јазик со цел музиката побрзо да допре до слушателите и полесно да си изгради меѓународна кариера. Нејзината прва песна „I Know“ била издадена на 23 октомври 2020 година. Песната била емитувана во преку 100 радио станици во многу држави вклучувајќи ги Соединетите Држави, Обединетото Кралство, Канада, Швајцарија, Италија, Франција, Германија, Норвешка, Јужна Африка, Грција, Бугарија, Македонија и др. За брзо време, песната изброила стотици илјади прегледи на You Tube и повеќе од 4 милиони прегледи на платформата ТикТок. Андреа гостувала и на неколку подкаст емисии од Мексико[4] и Холандија.[2] Во февруари 2021 година, како дел од оркестарскиот музички проект „Фејмс“, таа и нејзиниот тим во соработка со музичкиот композитор Бете Илин, диригентот Олег Кондратенко и видео продуцентот Владимир Митревски Ѓуле, направиле оркестарска изведба на нејзините песни.[3] Музичка влијанија
ДискографијаСинглови
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia