Андреја Паладио
![]() ![]() Андреја Паладио (италијански: Andrea Palladio), родено име: Андреја ди Пјетро дела Гондола (Andrea di Pietro della Gondola); 30 ноември 1508 - 19 август 1580) — италијански ренесансен архитект од Падова. Како влијателен архитект, Паладио развил свој паладијански стил кој се придржувал до класичните римски принципи, наспроти богатата орнаментација на ренесансата. Паладио проектирал многу цркви, вили и дворци, особено во Венеција и околината. Стилот на Паладио станал мода во Европа. Во Британија, Иниго Џонс и Кристофер Рен го прифатиле неговиот стил. Друг обожавател на овој стил бил Ричард Бојл, IV Гроф од Корк, исто така познат како Лорд Берлингтон кој бил архитектот на куќата Чизик Хаус заедно со Вилијам Кент. Еден од подоцнежни експоненти кои ги популаризирале коцептите на Паладио бил и венецијанскиот архитект од XVIII век Џакомо Леони кој издал авторитативно дело од четири тома на таа тема. Архитектурата на Паладио исто така била инспирација за класична музика, како на пример за делото од велшкиот композитор Карл Џенкинс со наслов Паладио. Оваа композиција е доста позната по својот прв став, кој бил употребен од страна на фирмата „Де бирс“ во една телевизиска реклама за дијаманти. ИсторијаПаладио бил син на Пјетро 'дела гондола'. Кога имал 13 години станал чирак во каменорезачка работилница, но по само 18 месеци престанал да конактира со татко си и избегал во блискиот град Виченца. Таму станал помошник во најдобрата каменорезачка и ѕидарска работилница и често ја посетувал продавницата на Бартоломео Каваца од кој научил некои вештини. Но најголемо влијание во неговата кариера има извршено Џанџорџо Трисино, кој му го измислил класичното име Паладио на неговиот ученик и пријател Андреја. Во 1541 год. Паладио оди во Рим да изучува антички знаменитости. Важни настани:
Поврзано
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia