Аневризма

Аневризма

Аневризма претставува проширување на артерија, кое настанува поради последица од слабост на ѕидот на крвниот сад.

Аневризмите можат да настанат на сите артерии, но најчесто настануваат на аортата.

Ризични фактори

  1. Воспаление (од околното ткиво или по крвен пат)
  2. Дијабетес
  3. Атеросклероза
  4. Пушење
  5. Хипертензија
  6. Алкохолизам
  7. Дебелина, итн.

Последици

Аневризмите се место каде лесно може да дојде до прскање на артеријата и да доведе до тешки и незапирливи крвавења, хеморагичен шок и смрт (доколку е на голема артрерија, како аорта). Исто така може да настане тромбоза со тромбоемболизам поради неправилно струење на крвта и измената на ѕидот на крвниот сад.

Наводи

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya