Пулмонална хипертензија
Пулмоналната хипертензија е вид на зголемен крвен притисок, кој ги афектира само артериите во белите дробови и десната страна од срцето.Пулмоналната хипертензија започнува во ситните артерии во белите дробови, наречени пулмонални артерии и капилари. Тие го стеснуваат својот лумен или се затнуваат. Ова го отежнува протокот на крв во белите дробови, што пак од своја страна го зголемува притисокот во артериите на белодробието. Како што се зголемува притисокот, десната срцева комора пумпа сè повеќе крв во белите дробови, а тоа доведува до ослабување на срцевиот мускул и евентуално комплетен прекин на срцевата работа.Пулмоналната хипертензија е сериозно заболување кое прогресивно се влошува со тек на време и понекогаш завршува фатално. Иако пулмоналната хипертензија не е излечлива состојба, третманот кој постои ги олеснува симптомите и го подобрува квалитетот на живот. СимптомиЗнаците и симптомите на пулмоналната хипертензија може да не бидат забележливи во раниот стадиум на болеста. Тоа може да трае неколку месеци, па дури и години. Како што болеста прогредира, симптомите се влошуваат. Симптомите на пулмонална хипертензија вклучуваат:
ЕтиологијаСрцето е составено од две преткомори и две комори. Секој пат, кога крвта поминува низ срцето, десната комора ја испумпува во белите дробови низ еден голем крвен сад (пулмонална артерија). Крвта во белите дробови го ослободува јаглеродниот диоксид, а го собира кислородот, кој преку дишењето се внесува во белодробието. Оксигенираната крв, односно крвта богата со кислород, потоа преку други крвни садови оди во левата преткомора.Најчесто, крвта лесно протекува низ крвните садови во белите дробови, затоа што крвниот притисок во нив е понизок. Кај пулмоналната хипертензија, зголемениот крвен притисок е предизвикан од промени во клетките кои ги обложуваат пулмоналните артерии. Овие промени предизвикуваат создавање на дополнително ткиво во нив, при што нивниот лумен е блокиран, а тоа го спречува нормалниот проток на крвта, што консеквентно го зголемува крвниот притисок и го оптоварува срцето. Видови ХипертензииИдиопатска хипертензијаОвој вид се нарекува идиопатска пулмонална хипертензија, поради тоа што не може да се открие конкретната причина за појава на хипертензијата. Се смета дека некои луѓе може да имаат генетски дефект кој доведува до развој на идиопатска пулмонална хипертензија. Секундарна пулмонална хипертензијаПулмоналната хипертензија која е предизвикана од некој друг медицински проблем или состојба, се нарекува секундарна пулмонална хипертензија. Овој вид е почест од идиопатската пулмонална хипертензија. Причините за секундарна пулмонална хипертензија вклучуваат:
Ризик ФакториИако секој може да развие некој од видовите на пулмонална хипертензија, постарите особи поверојатно би имале секундарна пулмонална хипертензија, а кај младите луѓе би бил позастапен идиопатскиот вид. Студиите покажуваат дека идиопатската пулмонална хипертензија е почеста кај жените.Важен ризичен фактор за пулмоналната хипертензија е токму семејната историја на ова заболување. Можно е некои гени да се поврзани со идиопатската пулмонална хипертензија. Се претпоставува дека овие гени предизвикуваат прекумерно растење на клетките кои ги обложуваат крвните садови на белите дробови, стеснувајќи го нивниот лумен. КомпликацииПулмоналната хипертензија може да доведе до бројни компликации, како што се:
ДијагнозаРаната дијагноза на пулмоналната хипертензија е тешка и обично не се забележува при рутински преглед. Дури и во подоцнежни стадиуми, знаците и симптомите на ова заболување се слични како кај оние состојби на срцето и белите дробови. Поради ова, лекарот ќе препорача да се направат следниве дијагностички процедури:
Како дополнителни тестови, лекарот ќе препорача:
Како дополнителни тестови, лекарот ќе препорача: ТерапијаПонекогаш е потребно време за да се пронајде вистинскиот третман за пулмонална хипертензија. Лекувањето најчесто е комплексно и долготрајно. Од медикаментите кои се употребуваат, ќе се споменат:
Од хируршките процедури, ќе се споменат:
Користена литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia