Анита Ангеловска-Бежоска
Анита Ангеловска-Бежоска (р. 5 ноември 1971 во Гетеборг) — македонска економистка, доктор на економски науки и поранешна гувернерка на Народната банка на Македонија. Претходно, речиси осум години била вицегувернерка на Народната банка. Има работено и во Меѓународниот монетарен фонд, во Вашингтон, САД. Својата кариера ја има започнато во Министерството за финансии во кое на различни работни позиции минала осум години од својата работна кариера. Меѓу другото била и државен секретар во ова министерство и раководител на Секторот Трезор. КариераНародна банкаАнгеловска-Бежоска стапила на функцијата гувернер на Народната банка, откако претходно, на 21 мај 2018 година[1], Собранието на Македонија, со 81 глас „за“, без ниту еден глас „против“ и без ниту еден воздржан се изјасни во врска со предлогот на претседателот на државата, таа да ја извршува оваа одговорна функција.[2] Таа е прва жена именувана на гувернерската функција во Македонија (официјално: Северна Македонија).[3][4] Претходно, Ангеловска-Бежоска речиси дванаесет години има работено во Народната банка, и тоа најпрво како главнa економистка, а потоа, безмалку осум години како вицегувернерка задолжена за областите монетарна политика, истражување и статистика (за функцијата вицегувернер во 2010 и 2017 година, исто така била изгласана со целосна поддршка од парламентот, без ниту еден глас против.) Како вицегуверенерка ја извршувала и функцијата заменик-гувернер на Република Македонија во Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Сега, таа е и гувернерка на Република Северна Македонија во овој одбор на ММФ.[5] Во 2019 година, Ангеловска-Бежоска е избрана и за член на Управниот одбор на Виенската иницијатива 2, како претставник на шесте земји од регионот на Југоисточна Европа коишто сѐ уште не се членки на Европската Унија.[6] Во рамките на Виенската инцијатива 2, таа има активна улога во застапувањето на интересите на регионот пред претставниците на меѓународните финансиски институции и глобалните и регионалните банки присутни во овие земји.[7] Член е и на Комитетот за централнобанкарска статистика „Ирвинг Фишер“ при Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел. [8] Од јануари 2025 година, Ангеловска-Бежоска е член на Комитетот за СЕПА кој го формираше Европската Комисија, односно Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување при ЕК, формираше Управувачки Комитет предводен од генералниот директор, Герт Јан Копман. За време на мандатот на Анита Ангеловска-Бежоска (2018 – 2025...) и покрај неколкуте глобални кризи кои ја погодија и нашата економија (Ковид-кризата, енергетската криза, глобалната неизвесност предизвикана од конфликтот во Украина ), Народната банка ја одржа стабилноста на домашната валута, што беше истакнато и од меѓународните финансиски институции.[9] [10] Управувањето со предизвиците од страна на Народната банка за време на Ковид-кризата беа високо оценети од страна на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, кои посочија дека благодарение на мерките и политиките на Народната банка се овозможи привремено олеснување на товарот на корисниците на кредитите како и одржување на финансиската стабилност. Европската централна банка (ЕЦБ) за првпат овозможи Народната банка да има пристап до девизна ликвидност во евра.[11] Дека мерките на Народната банка го ублажија ударот врз македонската економија, оценија и од бизнис заедницата.[12] Во 2021 година - „Централ бенкинг“ ја издвои Ангеловска-Бежоска меѓу трите гувернерки од светот коишто успешно се справуваат со актуелната криза. [13] Изминатите седум години Европската комисија оценува дека Народната банка е високо усогласена со правото и стандардите на Европската Унија.[14] Банкарската регулатива, како и начинот на вршење на супервизија на банките е еквивалента на онаа којашто се спроведува во ЕУ, а Народната банка го исполни и највисокиот статистички стандард на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), СДДС плус (како 18-та централна банка во свет)[15]. Во текот на мандатот на Ангеловска Бежоска направени се низа реформи и големи олеснувања во делот на достапноста на статистичките податоци од Народната банка за граѓаните и компаниите. Народната банка ја воведе алатката „Споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги.“ Се овозможи официјалните статистички податоци кои ги изготвува Народната банка да им бидат достапни на корисниците преку статистичкиот веб-портал „НБСтат“. Во време на мандатот на Ангеловска-Бежоска, Народната банка два пати беше добитник на наградата на „Комерцбанк“ за 2019 година и 2023 година за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери, како и за квалитетно автоматизирано извршувања на плаќањата[16]. Со низа иницијативи гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска придонесе за промовирање на родовата еднаквост и инклузијата.[17] Британскиот тинк-тенк ОМФИФ (Официјалниот форум на монетарни и финансиски институции) два пати ја оцени Народната банка како светски лидер според застапеноста на жените на раководни места.[18] [19]Во таа насока, Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска беа избрани од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за водачи на проектот за женско претприемништво во нашата земја и дел од пилот-проектот на ЕБРД за подобрување на пристапот до финансии за жените претприемачи[20]. Народната банка ги засили активностите за унапредување на платежните услуги, преку усвојување сет на подзаконски акти со кои се операционализираше новата правна рамка во платежната сфера којашто ја постави Законот за платежни услуги и платни системи, со примена од јануари 2023 година. Со оваа подзаконска регулатива се овозможи пристап до пазарот на платежни услуги од страна за новите даватели на платежните услуги (платежните институции и институциите за електронски пари). Ангеловска-Бежоска во текот на својот мандат и ги поддржуваше активностите за поширока примена на погодностите на дигитализацијата во домашниот банкарски систем и пошироко. Така, беше воспоставен Центар за иновации кој поддржува компании подготвени да вложуваат во иновативни финансиски активности, а се донесе и првата Национална стратегија за поддршка на развој на финтек секторот.[21] Народната банка значително ја зајакна финансиската едукација, како и заштитата на потрошувачите, вклучително и преку подготовка и носење на првата национална Стратегија за финансиска писменост и финансиска инклузија.[22] Меѓу првите централни банки во светот, Народната банка пристапи кон Кодексот на транспарентност на ММФ, при што Меѓународниот монетарен фонд оцени дека Народната банка е високо транспарентна. Народната банка во мај 2021 година беше втората централна банка во свет која учествуваше во пилот проектот за оценка на транспарентноста според најновиот Кодекс објавен во 2020 година. Во извештаи на релевантни меѓународни институции (Светска банка), Народната банка во време на мандатот на гувернерката Ангеловска Бежоска е оценета како домашна институција со најголема доверба.[23] Во време на мандатот на Ангеловска-Бежоска, нашата земја направи историски исчекор, станавме 39 членка на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). Под водство на Народната банка, нашата земја направи значителни напори да ја усогласи правната рамка во доменот на плаќањата и платните системи со регулаторните барања на Европската Унија (ЕУ), со што и официјално се приклучи кон платежната област СЕПА, исполнувајќи една од најважните цели на патот кон членство во ЕУ.[24] Препознавајќи ги ризиците од климатски промени како за финансиската стабилност, така и во пошироки општествени рамки, на иницијатива на гувернерката Ангеловска-Бежоска, во 2021 година Народната банка се приклучи кон мрежата за раззеленување на финансискиот систем (The Network of Central Banks and Supervisors for Greening the Financial System – NGFS). Се воспоставија услови за прибирање редовни податоци за зеленото кредитирање во рамките на Кредитниот регистар на Народната банка, што овозможува подлабоки анализи за зеленото кредитно портфолио и редовно објавување податоци за зеленото финансирање[25]. Во рамки на своите операции со девизните резерви, Народната банка започна со известување за изложеноста на климатски ризици на девизните резерви и ефектот од инвестициите во зелени обврзници според меѓународно прифатените стандарди. Гувернерката Ангеловска-Бежоска во текот на својот мандат посветено работеше со тимот на Народната банка и за подготви низа законски решенија во насока на одржување на стабилноста на банкарскиот систем и на севкупната финансиска стабилност. Така, Народната банка учествуваше во подготовката на нов Закон за банки, Закон за решавање банки, како и подзаконски акти и одлуки за операционализација на Законот за решавање банки. Во согласност со новиот Закон за финансиска стабилност, Народната банка ја зајакна финансиската стабилност преку преземање макропрудентни мерки кон банките, штедилниците и другите финансиски институции со кои се определува висината на макропрудентните инструменти заради спречување, намалување или отстранување на системските ризици во одделните сегменти од финансискиот систем или во финансискиот систем во целина. ММФПред да пристапи кон тимот на централната банка, таа имала двегодишен работен ангажман во ММФ, во Вашингтон, САД, првенствено како економистка во Одделот за макроекономски политики во европските земји, а краток период и во Одделот за фискални политики. Истовремено учествувала и во повеќе преговарачки мисии на ММФ за склучување аранжмани со земји членки[26]. Во периодот од 2006 година до стапувањето на гувернерската функција, како експерт, постојано била ангажирана во тимови на ММФ за обезбедување техничка помош за повеќе земји во Европа (Летонија, Белорусија, Молдавија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија)[27]. Министерство за финансииСвојата работна кариера, Ангеловска-Бежоска ја започнала во 1996 година, како стручен соработник за финансиски систем во Министерството за финансии, во кое на различни работни позиции минала осум години од својата работна кариера. Притоа, меѓу другото, најпрво како раководителка на Проектот за воспоставување трезорски систем во Република Македонија (1999-2000), а потоа и како раководителка на секторот Трезор при ова Министерство (2000-2003), дава исклучително значаен придонес за спроведувањето клучни реформи во системот на јавни финансии во државата: воспоставувањето единствена трезорска сметка, воспоставувањето систем за редовни проекции на буџетската ликвидност и управувањето со ликвидноста, унапредувањето на буџетското сметководство, развојот на пазарот на државни хартии од вредност и унапредувањето на буџетското известување во согласност со меѓународните стандарди[28]. Нејзиниот придонес за развојот на јавните финансии во Република Македонија (сега: Република Северна Македонија) е валоризиран и со награда од Амбасадата на САД во Скопје, којашто ѝ била доделена во 2004 година[29]. Во текот на 2003 и 2004 година, Ангеловска-Бежоска била државен секретар во Министерството за финансии, при што била одговорна за: координирањето на активностите на сите сектори во рамки на Министерството, координирањето на процесите поврзани со европската интеграција, буџетските реформи и преговорите со меѓународните финансиски институции[30]. Во 2004 година, таа била и раководителка на тимот за подготовка за издавање на првиот кредитен рејтинг на нашата земја[26]. Други ангажманиВо текот на 2003 и 2004 година, Ангеловска-Бежоска била и член на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија (сега, официјално: Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија). Во периодот 2002-2004 година, најпрво била член, а потоа и претседателка на Управниот одбор на Фондот за осигурување на депозити на Република Македонија (сега, официјално: Фонд за осигурување на депозити на Република Северна Македонија)[31]. Академска кариераАнгеловска-Бежоска дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 1994 година, со признание за еден од тројцата најдобри студенти во генерацијата, по што и магистрирала на истиот факултет во 1997 година[32]. Својата докторска дисертација од областа на економските науки, изготвена под менторство на професорот Иван Рибникар ја одбранила во 2015 година, на Економскиот факултет во Љубљана, Република Словенија[26]. Авторка е на повеќе стручни и научни трудови од областа на монетарната политика и макроекономската политика, воопшто, како и на трудови од областа на фискалната политика и управувањето со јавните финансии. Досега учествувала на голем број значајни научни собири и конференции од областа на економијата, од меѓународен карактер[28]. Во текот на нејзината досегашна кариера, таа била ангажирана и како предавач на повеќе домашни и меѓународни образовни и научни институции[30]. Личен животАнгеловска-Бежоска е сопруга и мајка на три деца – Петар, Софија и Надја.[33] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia