Антоан Демоатје
Антоан Демоатје (француски: Antoine Demoitié; 16 октомври 1990 во Лиеж — 27 март 2016 во Лил) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој последно возел за професионалната континентална екипа Ванти-Груп Гобер.[1] Во септември 2015 година објавил дека ќе ја напушти екипата Валони-Брисел за да се приклучи на Ванти-Груп Гобер за сезоната 2016.[2] ЖивотДемоатје во 2010 година возел како стажант во белгиската континентална екипа Лото-Бодисол и таму останал и следната сезона со редовен договор. Во 2012 година возел за екипата Идемаспорт-Биованце, за која освоил една етапа на Триптих на планините и замоците, две етапи на Карпатската трка и една етапа на Триптик Ардени. Освен тоа, победи на друмската трка на покраинското првенство во Лиеж. Со тоа, Демоатје се префрлиле во екипата Валони-Брисел и одново го освоил покраинското друмско првенство. Во 2014 година на еднодневната трка Тур ди Финистер го освоил својот најзначаен меѓународен успех дотогаш. Во 2015 година освоил една етапа на Сиркут де Ардени. По неговите учества во помали екипи, во 2016 година Демоатје успеал да потпише договор со професионалната континентална екипа Ванти-Груп Гобер и да вози трки од Светската турнеја. На класикот Гент-Вевелгем 2016 на 27 март 2016 година, Демоатје најпрвин паднал и без да може да стане, бил удрен од придружен мотор на трката, повредувајќи ја главата. Бил однесен во болница во Лил[3] каде истиот ден им подлегнал на повредите.[4][5][6] Неговиот колега Гаетан Биле објавил на Твитер дека Демоатје станал дарител на органи; тројца пациенти ги добиле неговите органи.[7] Во изминатите месеци се случиле повеќе несреќи со придружните мотори на трките и заради тоа се појавиле критики кон нив. Водството на екипата на Демоатје, сепак, не го обвиниле возачот на моторот: за разлика од другите случаи не возел брзо и немал вина за трагичниот настан. Возачот е многу искусен, веќе 20 години учествува во велосипедизмот.[8] Достигнувања
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia