Класични велосипедски трки се еднодневни професионални велосипедски друмски трки во меѓународниот календар. Повеќето од трките, сите се возат во западна Европа, се наоѓаат на професионалниот календар со децении, а најстарата потекнува од 19 век. Тие обично се одржуваат во исто време секоја година. Во последните неколку години, петте најпознати трки понекогаш се опишуваат како „монументални“.
Заедно, Милано-Санремо, калдрмисаните и арденските класици ги создаваат „пролетните класици“, сите одржувани во март и април.
Страде Бјанке – трка која вклучува делови со чакал. И покрај својата кратка историја, Страде Бјанке брзо стекнал углед и престиж.
Милано-Санремо – првиот вистински класик во годината, нејзиното италијанско име е La Primavera (Пролет), оваа трка обично се одржува на крајот на март. Првпат возена во 1907 година.
Е3 Харелбеке – првиот од „пролетните класици“ во Фландрија, првпат одржана во 1958 година.
Гент-Вевелгем – првпат возена во 1934 година, во поново време возена во недела помеѓу Милано-Санремо и Трката околу Фландрија.
Трка околу Фландрија – обично се одржува во почетокот на април. Првпат одржана во 1913 година.
Париз-Рубе – La Reine („Кралица на класиците“) или l'Enfer du Nord („Пекол на Северот“) е традиционално една недела по Трката околу Фландрија и првпат била возена во 1896 година.
Амстел Голд Рејс – обично се одржува во средината на април. Првпат возена во 1966 година и е една од трите „арденски класици“.
Флеш Валон – првпат возена во 1936 година, Walloon Arrow традиционално се одржува во средината на неделата помеѓу Амстел Голд и Лиеж-Бастон-Лиеж. Втор „арденски класик“.
Лиеж-Бастон-Лиеж – на крајот од април. La Doyenne, најстариот класик, првпат бил одржан во 1892. Таа е трет „арденски класик“.
Летни класици
Летните класици се одржуваат од јули до септември.
Џиро ди Ломбардија – исто така позната како „Трка на паѓачките листови“, првпат одржана во 1905 година како Милано-Милано. Сметана за најголем есенски класик.
Џиро дел’Емилија – една недела по Џиро ди Ломбардија, еден од најтешките класици во календарот, со познатиот круг Сан Лука.
Јапонски куп – одржувана од 1992 година, на крајот на октомври.
Отворачи на сезоната
Првите трки во сезоната вообичаено не се сметаат како другите класици, но добиваат внимание поради нивната поставеност рано во сезоната, вообичаено во февруари.
Петте монументални трки во велосипедизмот генерално се сметаат дека се најстари и најпрестижни еднодневни трки на календарот.[4][5][6] Секој од нив има долга историја и специфични поединости.
Милано-Санремо – првиот вистински класик во годината, неговото италијанско име е „Пролет“ (La Primavera), бидејќи се одржува кон крајот на март. Првпат одржана во 1907 година, сметана како спринтерски класик. Трката е особено долга (околу 300 км), главно долж лигурскиот брег, што им дозволува на спринтерите да учествуваат.
Трка околу Фландрија – првиот од калдрмисаните класици, се вози секоја прва недела во април. Првпат била одржана во 1913 година, што ја прави најнова од петте монументи. Позната е по тесните кратки брда на Фламанските Ардени, особено стрмно и со калдрма, рутата ги принудува најдобрите возење постојано да се борат за простор на чело на групата. Патеката малку се менува секоја година: од 2017 година трката започнува во Антверпен, а од 2012 завршѕва во Ауденарде.
Париз-Рубе – Кралица на класиците или „Пекол на Северот“ (l'Enfer du Nord) традиционално се вози една недела по Трката околу Фландрија е последна од трките со калдрма. Првпат била организирана во 1896 година. Нејзини одлучувачки делови се многуте долги делови со калдрма, што ја прави една од најнепријатните еднодневни трки. Трката завршува на иконскиот велодром во Рубе. На крајот на трката, возачите обично се покриени со кал и прашина што се смета за најбруталните тестови на психичка и физичка издржливост во велосипедизмот.
Лиеж-Бастоњ-Лиеж – се одржува кон крајот на април. „Ла Дојен“ (La Doyenne), најстариот класик, е последниот од арденските класици и обично последна од пролетните трки. Била првпат организирана во 1892 година како аматерска трка; професионалното издание следело во 1894 година. Претставува долга и макотрпна трка позната по своито стрмни ридови на Ардените и завршницата на нагорнина во индустриските предградија на Лиеж.
Џиро ди Ломбардија – Есенски класик или Трка на паѓачките лисја, се одржува во октомври или крајот на септември. Првично организирана како Милано-Милано во 1905 година, била наречена Џиро ди Ломбардија во 1907 година. Позната е по својата ридска и променлива рута околу езерото Комо со рамна завршница во Бергамо. Од 2012 година има нова дата на одржување на крајот на септември, една недела по Светското првенство. Често е освојувана од искачувачи со силна спринтерска завршница.
Најмногу победи
Само три возачи ги имаат освоено сите пет монументални еднодневни трки во текот на нивните кариери: Роже де Влеминк, Рик ван Лој и Еди Меркс, сите тројца Белгијци. Со победи на сите други монументи, Шон Кели скоро ќе се придружел на оваа група, завршувајќи втор на Трката околу Фландрија на три наврати (1984, 1986 и 1987). Холандскиот возач Хени Кајпер го освоил секој монумент, освен Лиеж-Бастон-Лиеж, во кој завршил втор во 1980. Белгискиот возач Фред де Брујн исто така бил близу, завршувајќи втор на Џиро ди Ломбардија во 1955 и победувајќи на сите други четири трки во текот на неговата кариера.
Велосипедисти кои победиле на повеќе од два „монумента“
↑Резултатот во 1949 година дошол по неколку месеци и две меѓународни конференции. Андре Мае дошол прв, но возел по погрешна рута. Мае бил во бегство од тројца кога стигнал на велодромот во Рубе во водство, но бил погрешно насочен од надлежните на трката и влегол во погрешна порта. Мае бил прогласен за победник, но неколку минути подоцна дошле други возачи кои ја користеле вистинската рута и Серсе Копи, брат на познатиот Фаусто, го освоил спринтот. По жалба и неколку месеци подоцна, Серсе Копи бил именуван за заеднички победник со Мае.
↑Двајцата возачи ја поделиле победата на трката во 1957 година. Жермен Дерејке бил прв на целта, но бидејќи поминал на затворен железнички премин, второпласираниот Франс Схубен, бил прогласен за победник исто така. Дерејке не бил дисквалификуван, бидејќи имал три минути предност; судиите процениле дека не ја добил предност само поради преминот.