Антонио Митриќески
Антонио Митриќески (Скопје, 1 февруари 1961) — македонски филмски режисер[1]. ЖивотописМитриќески е роден во Скопје во 1961 година. Филмска режија завршува на Високата државна школа за филм и телевизија во Лоѓ, Полска. На филм започнува да работи во 1985 година. Вработен е како професор по предметот филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. За својата работа добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Специјална награда на градот Лоѓ за филмовите ДВОБОЈ и ДЕН (1985), Златен медал за дебитантски филм на 38-миот фестивал на југословенскиот документарен и кусометражен филм во Белград за филмот ЉУБОВТА НА КОЧО ТОПЕНЧАРОВ (1991), Награда на публиката на меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ (1997). Според ист мотив, развиен од сценаристот Ташко Георгиевски, Митриќески го создава поетичниот игран филм ПРЕКУ ЕЗЕРОТО.[2] Докторира со темата „Теорија и практика на документарниот филм (Казимиеж Карабаш, Столе Попов, Мајкл Мур)“.[3] Награди:1985 Специјална награда од градот Лоѓ / „Двобој“ и „Ден“ 1991 ФЈДКФ, Белград, Златен медал Белград / „Љубовта на Кочо Топенчаров“ 1997 МФФ „Браќа Манаки“, Битола, Награда од публиката / „Преку езерото“ Филмографија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia