Антропоморфни меркиАнтропоморфни мерки — мерни системи кои произлегуваат од поедини делови на човековото тело. Овие мерки настанале заради потребата за меѓусебна соработка и потребата од заеднички јазик на величини на мерки во изведувањето на архитектонските и структурите со сличен карактер. Истите биле користени при изведбата на македонската традиционална архитектура сè до воведувањето на метричкиот систем. ИсторијаАнтропоморфните или физиометриските мерки се создаваат, независно од територијата и временскиот период, кај одделни цивилизации на Стариот Свет. Така во Египет како мерка за должина е користена лакот и палец, во Месопотамија стапка, во Стара Грција, освен веќе преземените, прст и педа, додека во Стариот Рим додадени се чекор и пасус. Аршин пак, како мерка се јавува за првпат кај Турците Османлии. Римскиот теоретичар Витрувиј во своето дело Десет книги за архитектурата дава осврт на хомогеноста на антропоморфните мерки. МеркиПоврзано
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia