Апостол Тома
Апостол Свети Тома, уште познат и како Томас или Близнак, е еден од дванаесетте апостоли. Тој е можеби најпознатиот апостол кој не верувал во Христовото воскресение. Исто така тој е и единствениот апостол кој отишол надвор од Римското Царство да го проповеда Евангелието, односно во Персија, Кина и Индија. За него се смета дека можеби е првиот католик во западниот свет. ![]() Во Евангелието на Јован во 11:16, се споменува дека кога Свети Лазар починал, апостолите на еден начин се спротивставиле на Исус Христос да се вратат во Јудеја, Свети Тома смело одговорил: “Да одиме и ние да умраме со Него“. Свети Тома е единствениот апостол кој не присуствувал на погребот на Пресвета Богородица. Останатите апостоли биле специјално дојдени во Ерусалим за самиот погреб на Дева Марија. Апостол Тома е почитуван како светец во Римокатоличката црква и Православна црква. Римокатоличката црква неговото име го славела на 21 декември. Таа била преместена поради тоа што на истата дата е починал Свети Петар Канисиус. Така, во римокатоличката и англиканската црква, Свети Тома се чествува на 3 јули. Во Православната црква, Источнокатоличката црква, Свети Томе го чествуваат во недела, односно една недела по Великден. Црквите кои го следаат јулијанскиот календар, празникот на Свети Тома го чествуваат на 6 октомври. Апостол Тома како мотив во уметноста
Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia