Апхаска Автономна Советска Социјалистичка Република
Апхаска Автономна Советска Социјалистичка Република (руски: Абхазкая Автономная Советская Социалистическая Республика) — автономна република во Советскиот Сојуз во составот на Грузиска ССР. Републиката била основана во февруари 1931 година, кога Социјалистичка советска република Абхазија која била создадена на 4 март 1921 година била преобразувана со статус на автономна советска социјалистичка република во составот на Грузиска ССР. Територијата на земјата опфаќала 8.600 квадратни километри, а бројот на населението било 535.000 луѓе. Односнот меѓу градското и селското население бил 261.000 кон 274.000 луѓе[2]. Републиката била наградена со орден Ленин во 1935 година, со орден Октомвриска револуција во 1971 година и со орден на народите во 1972 година[3].. Својот устав бил изгласан на 2 август 1937 година. Врховен орган претставувал Врховниот совет кој бил избиран на секои четири години и неговиот Президиум. Републиката имала 11 претставници во Советот на народите на Врховниот совет на СССР. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia