Чеченско-ингушка Автономна Советска Социјалистичка Република
Чеченско-ингушка Автономна Советска Социјалистичка Република (чеченски: Нохч-ГІалгІайн Автономнин Совецки Социалистически Республика; руски: Чече́но-Ингу́шская Автономная Советская Социалистическая Республика) — автономна република во Советскиот Сојуз во составот на Руска СФСР. После воспоставување на советската власт, во март 1920, Терската област била расформирана, а Чеченскиот (обединет со Учкерискиот) и Ингушетскиот (обединет со Нагорниот) округ станале самостојни територијални единки. На 20 јануари 1921 година, Чеченија и Ингушетија заедно со Карачаево-Черкесија, Кабардино-Балкарија и Северна Осетија влегуваат во новосоздадената република Горскаја АССР. На 7 ноември 1924 година Горскаја АССР била ликвидирана и со тоа се создала Ингушска АО во состав на РСФСР. На 15 јануари 1934 била создадена Чеченско-ингушетската автономна област, која на 5 декември 1936 година станала Чеченско-Ингушка АССР (ЧИАССР). Во февруари 1944 г. оваа република била расформирана, за после да влезе во составот на Северно-Осетинската АССР. На 15 мај 1991 година ЧИАССР е преименувана во Чеченско-Ингушетска Република, а на 1 октомври 1991 година со решение на Врховниот совет на РСФСР Чеченско-Ингушетската Република била разделена на Чеченија и Ингушетија. Територијата на земјата опфаќала 19.300 квадратни километри, а бројот на населението било 1,155,805. Таа била наследена од Чеченија и Ингушетија. ПоврзаноНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia