Аристотел Оназис
Аристотел Оназис (грчки: Αριστοτέλης Ωνάσης; 15 јануари 1906 - 15 март 1975) бил грчки стопанственик, познат како еден од најбогатите луѓе на XX век[1][2]. Тој бил познат бродосопственик. Во почетокот, неговиот бизнис се состоел од изградба на бродови за превоз на нафта. Оназис е роден на 15 јануари 1906 година, но според некои податоци, тој е роден во 1900 година[3]. Во текот на 1946 година се оженил за Атина Ливанос, од која имал две деца: Александрос и Кристина. Александрос починал во 1973 година, кога имал 24 години во авионска несреќа, а Христина во 1988 година во Буенос Аирес. Во 1968 година се оженил за Жаклина Бувие, вдовица на починатиот американски претседател Џон Кенеди. Сепак, нивниот брак не бил успешен долго време, а од друга страна пак, Аристотел имал љубовна афера со оперската пејачка Марија Калас. Единствениот жив наследник на Аристотел е неговата внука Атина. Аристотел починал на 15 март 1975 година. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia