Армел Бела-Кочап
Армел Бела-Кочап (роден на 11 декември 2001 година, во Париз) — германски фудбалер, играч од одбраната на Саутхемптон и на германската репрезентација.[2] БиографијаБела-Кочап е роден во Париз, Франција.[3] Тој е син на поранешниот камерунски репрезентативец, Сирил Флорент Бела.[4] Клупска кариераБохумВо јули 2018 година, Бела-Кочап му се приклучил на Бохум на летен тренинг камп.[5] Во март 2019 година, Бела-Кочап го потпишал својот прв професионален договор со клубот.[3] Своето деби за Бохум го имал во Втората Бундеслига на 28 април 2019 година, започнувајќи во натпреварот на гости против Ерцгебирге Ауе.[6] Својот прв гол во кариерата го постигнал на 14 февруари 2021, во победата со 2-0 на домашен терен над Ајнтрахт Брауншвајг. Во сезоната 2020-2021, тој одиграл 28 натпревари во Втората Бундеслига, помагајќи му на Бохум да избори промоција. Следната сезона, тој одиграл 22 натпревари во Првата Бундеслига, помагајќи му на својот клуб да го задржи прволигашкиот статус на крајот од сезоната. СаутхемптонНа 21 јуни 2022 година, Бела-Кочап му се приклучил на Саутхемптон во трансфер вреден 10 милиони евра, потпишувајќи четиригодишен договор со клубот.[7][8] Своето деби за Светците го направил на 13 август 2022 против Лидс Јунајтед во Премиер лигата. Откако успеал да се наметне како редовен стартер на позицијата централен одбранбен играч, тој го изместил рамото при судир со противнички играч за време на ремито 1-1 против Вест Хем Јунајтед на 16 октомври. Поради тоа, тој бил надвор од акција три недели,[9] а своето враќање на терен го имал на 6 ноември во поразот на домашен терен од Њукасл Јунајтед со 1-4. Репрезентативна кариераВо 2021 година, тој го добил својот прв повик во германската репрзентација до 21 година. Тој го направил своето деби на 2 септември, во квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2023, во кое Германија го победила Сан Марино со 6-0. На 26 септември 2022 година, тој го направил своето деби за сениорска репрезентација во ремито 3-3 против Англија.[10] Неколку месеци подоцна, тој бил дел од германската репрезентација на Светското првенство 2022, но таму не настапил ниту еднаш. Хронологија на репрезентативните настапи
Клупска статаистикаСтатистиката е ажуриарана на 10 декември 2022.
Титули
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia