Баухаус било училиште за архитектура и декоративна уметност, кое постоело од 1919 до 1933 година. Според видот и концепцијата, појавата на училииштето претставувало појава на нешто сосема ново, а денес важи за дом на авангардата на современоста во сите подрачја на слободната и применетата уметност и се смета за посебен архитектонски стил.
Баухаус било основано во Вајмар од страна на Валтер Гропиус, а причина за основање на училиштето била идејата за создавање здружение на занаетчии-уметници, кои ќе бидат подучувани од уметници, со цел да се дојде до заедничко истражување на професорите и студентите во примената на новите техники, материјали и облици во архитектурата, производството на мебел и обликувањето на употребните предмети. Основачите имале за цел да ги задоволат масовните потреби на населението и се стремеле да создадат допадливи предмети со поволна цена и максимална удобност. Прочитајте повеќе
Фридрих Вилхелм Ниче (1844-1900) бил германски философ од XIX век и класичен филолог. Тој пишува критички текстови на религијата, моралот, современата култура, философија и наука, користејќи еден засебен стил и наклонетост за метафора, иронија и афоризам. Неговиот стил и радикални преиспитување на вредноста и објективноста на вистината резултираа во голем број на коментари и толкување, главно во континенталната традиција. Ниче ја започнал својата кариера како класичен филолог пред да се сврти кон философијата. На возраст од 24 години, тој беше назначен за професор по класична филологија на Универзитетот во Базел, но поднел оставка во 1879 година, поради здравствени проблеми што ќе го мачат целиот живот. Во 1889 година, Ниче западнал во лудило, и за него до крајот на животот се грижеле неговата мајка и сестра сè до 1900 година. Прочитајте повеќе