Арсланагов мост![]() Арсланагов мост (српски: Арсланагића мост) или Перовиќев Мост (Перовића мост) — мост на реката Требишница во Требиње, Република Српска, Босна и Херцеговина. Мостот е на списокот на културно наследство на Република Српска.[1] Мостот се наоѓа на патот кој ги поврзува Дубровник и Херцег Нови.[2] ИсторијаСпоред општоприфатеното мислење, мостот е изграден по налог на големиот везир Мехмед-паша Соколовиќ во 1574. Името на мостот е според Арслан-ага, Турчин кој во 1687 година дошол во Херцег Нови и добил посед источно од Требиње со право да наплаќа мостарина.[3] Во 1944 година, на крајот на Втората светска војна, четниците пробале да го раѕурнат мостот. За време на минирањето раѕурнато е левото крило во должина од 8 метри, а по војната е санирано. По изградата на хидроелектраната и езерото во 1965 година, мостот е преместен. По војната во Босна и Херцеговина, во 1993 година, градските власти го прекрстиле мостот во Перовиќев мост, бидејќи се верува дека семејството на Арслан-ага пред да се исламизира се презивало Перовиќ. ГалеријаНаводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia